4 исчезнати историски богатства по кои се трага, но може никогаш да не бидат најдени

Низ историјата има многу изгубени артефакти, за кои можеби никогаш нема да дознаеме дали воопшто постоеле или пак, се само легенди.

4-ischeznati-istoriski-bogatstva-koi-mozhebi-nikogash-nema-da-bidat-najdeni-01.jpg

Ловците на авантури и на богатства со години и години се во потрага по предмети кои можеби никогаш нема да ги најдат.

Прочитајте за што се работи:

Килибарната соба

Во 18-тиот век, германскиот скулптор Андреас Шлитер и данскиот уметник со килибат, Готфрид Волфарм, дизајнирале и изработиле килибарна соба за Палатата на Катарина, која била вистинска гордост на Санкт Петерсбург.

Оваа соба била нарекувана и осмото светско чудо, поради деталите од скапоцени материјали и камења, како и украси од килибар.

Кога германската армија пристигнала во Санкт Петерсбург во Втората светска војна, кураторите на Палатата на Катарина се обиделе да го скријат богатството, но килибарот се распаѓал во нивните раце. Потоа, решиле да ги прекријат килибарните ѕидови со тапети.

Сепак, Германците го откриле ова и ограбиле и испратиле огромни пакети со парчиња од оваа соба. Подоцна, собата била составена во дворецот-музеј Кенигсберг.

Оттогаш, историјата станува доста нејасна и се губат голем број записи и сведоштва за постоењето на оваа соба. Сепак, Русија во 2003 година прави реконструкција на оваа соба, користејќи малку примероци од оригиналната просторија.

На овој начин, туристите барем можат да видат мал дел од легендата.

4-ischeznati-istoriski-bogatstva-koi-mozhebi-nikogash-nema-da-bidat-najdeni-03.jpg

Поемите на Сафо

Грчката поетеса Сафо напишала голем број поетски дела, од кои познати денеска се само девет томови.

Според историчарите и познавачи на грчката литература, постојат уште многу дела на Сафо кои уште не се откриени. Последен пат, во 2014, беа идентификувани две парчиња папирус, а постои надеж дека ќе се најдат и останатите и дека светот подобро ќе се запознае со творештвото на оваа поетеса.

4-ischeznati-istoriski-bogatstva-koi-mozhebi-nikogash-nema-da-bidat-najdeni-04.jpg

Флорентинскиот дијамант

Легендата вели дека Чарлс, војводата од Бургунди, го носел овој 132,27-каратен дијамант како амајлија во битката на Ненси од 1977 година. Но, тоа не го спасило. Неговото тело било пронајдено, но не и дијамантот.

Се претпоставува дека некој ситен криминалец го украл дијамантот и го продал за малку пари, мислејќи дека е само убаво обработено парче стакло.

Со текот на времето излегле многу приказни, меѓу кои и онаа дека ваквиот дијамант воопшто не припаѓал на војводата, туку дека потекнува од Индија, а подоцна завршил во Европа, односно во Италија.

Како последни сопственици се споменуваат семејството Медичи од Тоскана. Но, тој не бил најден ниту кога починала последната наследничка на династијата Медичи.

Постои и теорија дека овој дијамант ѝ бил подарен на кралицата Марија Тереза и дека тој исчезнал по падот на австро-унгарската империја.

Каде е денес? Постојат многу теории според кои или е уништен, скриен или можеби продаден на некој кој не ја знае неговата вредност.

4-ischeznati-istoriski-bogatstva-koi-mozhebi-nikogash-nema-da-bidat-najdeni-05.jpg

Фаберже јајца

Легендарната руска куќа за накит Фаберже имала над 500 вработени дизајнери и изработувачи на накит и предмети од драгоцени метали. Нивно најголемо достигнување е серијата од велигденски јајца украсени со злато и дијаманти, наменети за руските владетели да ги подарат на женските членови од семејството.

По егзекуцијата на семејството Романов, овие јајца биле конфискувани. Сталин сакал да ги зачува како историски артефакти, но Ленин во нив гледал економска придобивка. Тој ги продал сите 50, од кои 43 се пронајдени, но на 7 им се губи секоја трага.

Во поново време немало многу информации за овие скапоцени јајца, сè до 2012 кога некој човек купил нешто што мислел дека се остатоци од накит. На еден мал часовник било испишано „Вашерон Константин“, па тоа го натерало да пребарува што всушност купил.

Така сфатил дека едно од парченцата златен отпад во купчето што го купил за 14.000 долари е всушност изгубено Фаберже јајце вредно 33 милиони долари.

4-ischeznati-istoriski-bogatstva-koi-mozhebi-nikogash-nema-da-bidat-najdeni-06.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
„Се разведов по 30 години, ги оставив децата и се преселив на другиот крај од светот – првпат се чув... Штом нејзините деца завршиле средно, Синди од САД сфатила дека е уморна од својо...

Најчитани неделава