Какви традиции има во различни земји низ светот за првиот школски ден?

Полека се ближи почетокот на школската година, а учениците и родителите на помалите се подготвуваат за 1-ви септември.

kakvi-tradicii-ima-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-za-prviot-shkolski-den-01.jpg

За малечките кои ќе тргнат во 1-во одделение, има мала церемонија и прослава, за оние кои ќе почнат 1-ва година средно, следи запознавање со професорите и различниот начин на функционирање од претходно.

Но, во секоја земја на различен начин се одбележува почетокот на школската година, а во многу има посебни традиции кои се повторуваат секоја година.

Иако не сите земји почнуваат со училиште во септември (некои почнуваат и во август), сепак добро е да знаете колку многу различни традиции има за да им помогнат на учениците да се подготват за почетокот.

Во Германија, децата кои почнуваат со прво одделение, добиваат на подарок големи „корнети“ полни со училишни додатоци и слатки работи.

kakvi-tradicii-ima-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-za-prviot-shkolski-den-02.jpg

Училиштата во Индонезија го користат првиот школски ден за да ги запознаат учениците еден со друг, така што ги делат во групи и им доделуваат заеднички активности преку кои ќе се зближат за годината да им оди полесно.

kakvi-tradicii-ima-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-za-prviot-shkolski-den-03.jpg

Повеќето ученици и студенти во Јапонија, на првиот ден добиваат ранец како подарок за новата школска/академска година.

Не секоја земја има прослава за прв школски ден, помеѓу кои е и Кувајт, каде тоа е како и секој обичен ден, а се разликува само по подготовките во семејството и купувањето униформи и слично.

kakvi-tradicii-ima-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-za-prviot-shkolski-den-04.jpg

Во Русија првиот школски ден е познат и како „Ден на знаењето“, има собир со ученици и родители, децата некогаш им даваат цвеќиња на наставничките.

Исто така има и традиција на „прво ѕвонче“, кога помлада девојка е качена на рамената на постаро момче кој ја носи околу учениците додека таа ѕвони со ѕвонче за да го означи почетокот.

Почетокот на нова школска година некаде е многу скап, како што е случај во Бразил, со оглед на тоа што цената на уличишните прибори и додатоци расте значително пред почетокот на училиштето, дури и до 5 пати повеќе од вообичаената цена.

Во Саудиска Арабија прославите за почеток на школска година може да траат со денови, каде учениците се социјализираат и запознаваат пред да почнат да учат.

kakvi-tradicii-ima-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-za-prviot-shkolski-den-05.jpg

Во некои училишта во Виетнам учениците имаат приредба на која настапуваа пред родителите, пријателите, семејството и наставниците.

kakvi-tradicii-ima-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-za-prviot-shkolski-den-06.jpg

Во Македонија пак, во некои основни училишта има голема приредба за дечињата кои ќе започнат 1-во одделение, а оние повозрасните доаѓаат на првиот школски ден да разговараат со новиот или стар класен раководител, да се видат и раскажат како го поминале летото, кои ќе им бидат активностите во текот на годината и слично.

kakvi-tradicii-ima-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-za-prviot-shkolski-den-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
„Продадовме сè за да патуваме низ светот и се вративме дома за 6 месеци – реалноста е поразлична од ... „Седиме на убава плажа, но јас морам да се вклучам на состанок. Одиме на кафе во...
„Живееше со мене во пештери 14 години, се селевме 49 пати“ - Која е сопругата на новиот претседател ... Кога на почетокот на 2025 член на Ал Каеда стана претседател на Сирија, светот с...
Вознемирувачки сцени: 12 фото-докази од Скопје и светот, во какво лудо време живееме Светот како пред очи да ни оди во неповрат, а ние навистина живееме во лудо врем...
Kој е трансродовиот модел што втора година по ред се појави на шоуто на Victoria’s Secret? (фото) Од мала носела женска облека, а почнала да гради кариера од само 12-годишна возр...

Најчитани неделава