7 непријатни работи кои ве очекуваат во разни земји и треба да ги знаете однапред
- Детали
- петок, 21 септември 2018
Кинеските таксисти со измама може да ви го испразнат паричникот, вечерниот шопинг во Швајцарија е невозможен.

Кога одите во некоја странска држава логично е да сте изненадени од многу работи, сепак некои навистина ќе ви бидат како гром од ведро небо.
Некаде може да бидете казнети за јадење во метро, а на други места да ве очекуваат тоалети од кошмарите.
Работи кои може да ве изненадат во земјите низ светот:
Во Јужна Кореја не треба да се потпирате на „Google Maps“ затоа што државата не му дава право на Google да има пристап поради грижа околу безбедноста.

Во Сингапур е забрането да јадете и пиете во јавен превоз, а за пушење на јавно место може да платите казна од 1.000 долари.

На Бали во Индонезија може да завршите во затвор ако згазнете врз „Canang Sari“, храна која локалците му ја принесуваат како благодарност на нивното божество.

Во Швајцарија речиси е невозможно да имате шопинг по 21 часот затоа што швајцарските продавници се затвораат во 18:30 часот, во 21 часот во четвртоците, а во неделите воопшто не работат.

Од Тунис не смеете да ја изнесувате локалната валута затоа што ќе имате проблеми со законот.

Тоалетите во Тајланд надвор од туристичките реони ќе ве шокираат затоа што треба да клекнете, а потоа сами да истурите вода.

Во Кина таксистот може да ве намести дека сте му го оштетиле автомобилот и потоа со измама да ви извлече пари.

С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не...
Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“
„Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„Со бившиот сопруг освоиме 2 милиони евра на лото – заглавивме во долгови, ги плаќавме 10 години“
Лара од Англија и поранешниот сопруг освоиле околу 2 милиони евра на лотарија. Н...
„Пораснав на улица со мајка зависник, татко коцкар - сега имам милиони, уживам во луксуз и се фалам ...
„Мајка ми ме родила на 16 години. Татко ми беше многу постар маж, во тоа време и...
„Продадовме сè за да патуваме низ светот и се вративме дома за 6 месеци – реалноста е поразлична од ...
„Седиме на убава плажа, но јас морам да се вклучам на состанок. Одиме на кафе во...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ...
„Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...