Убаво е да знаеш... За Република Гвинеја

2 октомври е најголемиот државен празник на Република Гвинеја. На овој ден, Гвинеја ја прославува независноста од Франција. 2018 е важна година, бидејќи токму денес, Република Гвинеја прославува 60 години независност. Овој ден, традиционално се обележува со јавни собири, каде старешините и владините функционери се собираат и одржуваат говори. Прославата е проследена со музика и танц, а локалното насаление ја носи традиционалната облека на Гвинеја.

ubavo-e-da-znaes-za-republika-gvineja-1.jpg

Почесниот конзулат во Р. Македонија се приклучува на оваа јубилејна прослава и го чествува најголемиот државен празник на својата пријателска држава. Неговото постоење е доказ дека постои цврста соработка помеѓу двете земји.

Иако навидум сосема различни, со различни култури и традиции, Р. Македонија и Р. Гвинеја ги спојува топлината на народот, гостопримливоста и богатиот фолклор.

На Балкнаот, па и во Европа, многу малку се знае за Р. Гвинеја. Сместена е на западниот брег на Афричкиот континент, позната уште како француска Гвинеја бидејќи била поранешна француска колонија, а сега уште попозната како Гвинеја – Конакри. Главен град е преубавиот Конакри.

ubavo-e-da-znaes-za-republika-gvineja-2.jpg

УБАВО Е ДА ЗНАЕШ ЗА РЕПУБЛИКА ГВИНЕЈА

Република Гвинеја преставува платформа на мултиетничка толеранција, традиција, соживот.

Таа е една од најбогатите афрички земји чијашто економија се базира на земјоделство и производство на минерали.

Гвинеја е втора во светот по производство на боксит, а воедно е најголем произведувач на злато и дијаманти.

Изобилува со природни убавини и е седиште на повеќе култури, традиции, обичаи.

Вложуваат во образованието, се обидуваат да го направат подобро, поквалитетно и достапно за секого. Стремежот е неколкукратно да се зголеми бројот на едуцирани деца.

Традиционалната музика која е карактеристична за оваа земја се базира на дувачки инструменти во комбинација со други музички форми од Европа или други делови од светот. Гвинеја е позната по формирањето на танцовата група “Les Ballet Africains”, која ја отсликува богатата култура и традиција на земјата. Истата настапува локално и интернационално.

ubavo-e-da-znaes-za-republika-gvineja-3.jpg

Почесниот конзулат во Р. Македонија ќе продолжи да ја шири културата на Р. Гвинеја во нашата татковина и се надеваме дека ќе имаме можност да ги гледаме и тука, во Македонија добро познатите “Les Ballet Africains”.

Да живее пријателството на народите!

Би можело да ве интересира:

Порано се срамела, сега гордо го покажува – Девојката со најширок јазик во светот Во детството ја исмејувале и луѓето постојано ѝ коментирале за широкиот јазик, п...
Вознемирувачки сцени: 12 фото-докази од Скопје и светот, во какво лудо време живееме Светот како пред очи да ни оди во неповрат, а ние навистина живееме во лудо врем...
Најстарата жена во светот има 116 години: Се родила кога владеел пра-прадедото на кралицата Елизабет... Со своите 116 години, Етел од Англија е најстарата жена во светот. Се родила пре...
„Се разведов по 30 години, ги оставив децата и се преселив на другиот крај од светот – првпат се чув... Штом нејзините деца завршиле средно, Синди од САД сфатила дека е уморна од својо...
„Јас сум експерт за интимни односи и сум спиела со повеќе од 400 клиенти - Како изгледа мојата работ... „Мојот прв клиент беше неверојатна личност која цел живот се чувствувала многу с...
Над 20 години ја држела како робинка за да ѝ го чисти домот: Детали за случајот што го згрози светот Повеќе од 25 години, жена од Англија која требало да се грижи за девојка со проб...

Најчитани неделава