Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Се огласија родителите на 6-годишното детенце на кое никој не му дојде на роденден

На адресата на малиот Теди сè уште пристигнуваат подароци од сите страни на светот и покани за специјални настани како НБА натпревари, но неговите родители жалат што ситуацијата добила вакви размери.

se-oglasija-roditelite-na-6-godishnoto-detence-na-koe-nikoj-ne-mu-dojde-na-rodenden-01.jpg

Родителите на 6-годишното момче на чија роденденска забава не се појавија другарчињата и беше фотографирано како седи само на масата стана вирален хит, но неговата мајка вели дека жали затоа што ја прикачила фотографијата на социјалните мрежи.

Родителите на малиот Теди, Сил Мазини и Тед Болингер, открија дека забавата во локалот „Peter Piper Pizza“ во Тусон, Аризона била прва официјална забава на момчето, кое ги поканило 32-те дечиња од училиште и очекувало да се појават околу дваесетина.

Но, и по еден час чекање никој не се појавил на забавата.

se-oglasija-roditelite-na-6-godishnoto-detence-na-koe-nikoj-ne-mu-dojde-na-rodenden-02.jpg

se-oglasija-roditelite-na-6-godishnoto-detence-na-koe-nikoj-ne-mu-dojde-na-rodenden-03.jpg

Неговата мајка се обидела да му го тргне умот од тоа со помош на игри на телефон, пица и 6-годишното момче брзо се расположило.

Во наплив на емоции Сил ја прикачила фотографијата на социјалните мрежи и покрај противењето на нејзиниот сопруг Тед, кој работи на нафтена платформа на Алјаска. Особено била лута што на крајот од пропадната забава дури требала да плати сметка за гостите што не се појавиле.

se-oglasija-roditelite-na-6-godishnoto-detence-na-koe-nikoj-ne-mu-dojde-na-rodenden-04.jpg

Сега, на нивната домашна адреса пристигнуваат разни подароци и покани семејството да биде специјален гостин на некои настани, како на пример на натпревар со Леброн Џејмс.

„Искрено, да го вратам времето назад нема да ја објавам таа фотографија. Не сакав вакво внимание и подароци. Бев вознемирена. Не бев паметна. Тоа е сè. Теди не беше тажен тој ден. Само тој миг.

Но, наредната година ќе има роденденско патување, наместо забава. И годинава ние му понудивме патување до Дизниленд, екскурзија до Леголенд или забава со другарчињата, а тој го одбра третото.“

se-oglasija-roditelite-na-6-godishnoto-detence-na-koe-nikoj-ne-mu-dojde-na-rodenden-06.jpg

Инаку, Теди кога отишол на училиште сите соученици му се извиниле што не се појавиле. И неговите родители порачаа дека разбираат дека луѓето се зафатени и навистина не мислеле дека ширењето на фотографијата ќе добие вакви луди размери.

se-oglasija-roditelite-na-6-godishnoto-detence-na-koe-nikoj-ne-mu-dojde-na-rodenden-05.jpg

Повици и подароци сè уште им пристигнуваат од сите страни на светот.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Кога ќе ми дојде преку глава од родителството, си земам некој ден одмор“ „Беше 18 часот попладне, дневната соба беше тивка, си ставив чаша вино и си пушт...
„Мајка ми живее со мене откако се породив, готви и се грижи да сум наспана - не сакам да си оди“ „Се будеше во 5:30 и почнуваше со својата рутина. За појадок ми правеше чај од ц...
„Сакав скромна забава за синот – сите родители дојдоа со плус 1 дете, па на крај морав да платам ушт... Во ред ли е на забавите во игротека освен детето што е покането да ги носите и н...
Мајката која пред 16 години роди осумка зборува за предизвиците: „Забременив со ин витро, докторката... 16 години откако роди осумка, Натали Сулеман реши да прозбори за целото свое иск...
Шпанска актерка на 68 години со сперма од починатиот син и сурогат мајка доби внука - сега ѝ го прос... Ана Обрегон (70) има повеќе од 1 милион следбеници на Инстаграм со кои споделува...
Жена што одби да му го даде своето авионско седиште на расплакано дете стана вирален хит - вели ѝ го... „Коректно почекав детето да стане од моето место до прозорецот и да седне на дру...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg