Како се слави Halloween низ земјите во светот?

Ирска, САД, Кина си имаат своите традиции и на овој ден им оддаваат почит на мртвите, но навистина нема потреба ние слепо да прифаќаме туѓи традиции. Си имаме свои, зарем не?

kako-se-slavi-haloween-niz-zemjite-niz-svetot-01.jpg

Во Македонија не се слави Halloween, иако некои локали за да привлечат луѓе организираат маскенбали на 31 октомври , но реално тоа не е наш празник и навистина нема потреба да преземаме туѓи традиции.

Имаме доволно наши и треба да целиме кон тоа да ги негуваме нив.

Како се слави Halloween во земјите низ светот:

Кина

Во Кина прославата се вика „Teng Chieh“ и се оддава почит на починатите, се прави поврзување со нив за „другиот живот“ да им биде попријатен.

Се палат свеќи по улиците во Кина затоа што се верува дека тоа е начин на кој се водат духовите.

kako-se-slavi-haloween-niz-zemjite-niz-svetot-02.jpg

САД

Во оваа држава најмногу се слави Halloween и сметаат дека е ноќ за забава кога децата, но и возрасните се маскираат.

Се оди од куќа до куќа и се бараат слатки. Домовите се декорираат со скелети, вештерки и се длабат тикви.

kako-se-slavi-haloween-niz-zemjite-niz-svetot-03.jpg

Романија

Во Романија славењето почна недамна и во оваа држава нема некоја стара традиција со корени. Идеите се преземени од САД, па децата се облекуваат во костими, се ставаат декорации, а за постарите се организираат забави под маски.

Поради легендата за Дракула жителите на оваа земја одат да го посетат неговиот замок на полноќ. Сета прослава најмногу се организира со цел привлекување на туристи.

kako-se-slavi-haloween-niz-zemjite-niz-svetot-04.jpg

Ирска

Ирците се противат на американската традиција и организираат забава „Samhain“. Паганската традиција ја почнале Келтите и се верува дека на 31 октомври мртвите го посветуваат светот на живите.

Се палат големи огнови за да се избркаат злите духови и луѓето носат страшни костими и оттука традицијата за Halloween.

kako-se-slavi-haloween-niz-zemjite-niz-svetot-09.jpg

Уште 4 земји на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
„Живееше со мене во пештери 14 години, се селевме 49 пати“ - Која е сопругата на новиот претседател ... Кога на почетокот на 2025 член на Ал Каеда стана претседател на Сирија, светот с...
„Се разведов по 30 години, ги оставив децата и се преселив на другиот крај од светот – првпат се чув... Штом нејзините деца завршиле средно, Синди од САД сфатила дека е уморна од својо...
„Продадовме сè за да патуваме низ светот и се вративме дома за 6 месеци – реалноста е поразлична од ... „Седиме на убава плажа, но јас морам да се вклучам на состанок. Одиме на кафе во...
Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
Вознемирувачки сцени: 12 фото-докази од Скопје и светот, во какво лудо време живееме Светот како пред очи да ни оди во неповрат, а ние навистина живееме во лудо врем...

Најчитани неделава