Дрзок патник во авион, кој барал седиште до прозорец, го добил најдобриот одговор

Доброто и деталното читање на договорите кои ги потпишуваме, но и љубезноста, можат да нè поштедат од многу нервози. Сепак, некои луѓе ја учат оваа лекција на потешкиот начин.

drzok-patnik-vo-avion-koj-baral-sedishte-do-prozorec-go-dobil-najdobriot-odgovor-01.jpg

Патник на една јапонска авиокомпанија уредно го чекирал својот билет, но кога го пронашол местото за седење, сфатил дека нема прозорец. Тоа го налутило, па бесот и лутината ги истурил врз стјуардесата, барајќи ѝ место до прозорец.

Ваквото однесување им пречело на другите патници, а еден од нив нацртал прозорец, облачиња и море и го залепил листот на местото каде би требало да има прозорец.

Оваа приказна за кратко стана вирална, откако фотографија од „прозорецот“ беше објавена на Твитер и беше споделена над 8.000 пати.

drzok-patnik-vo-avion-koj-baral-sedishte-do-prozorec-go-dobil-najdobriot-odgovor-02.jpg

Сето ова можело да биде лесно избегнато доколку патникот јасно кажал дека бара седиште покрај прозорец кога го купувал билетот. Најголемиот дел од седиштата во авионите се покрај прозорец, но во некои се случува да има седишта и покрај „ѕид“, иако се во линијата на седишта покрај прозорец.

Она што е најважно во ваква ситуација е љубезноста, која на овој патник можела да му донесе или рефундирање на дел од парите за билетот или пак, доколку постоела можност, да биде преместен до прозорец.

Фотографијата што стана вирален хит:

/photo/1

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...

Најчитани неделава