Ја зави Норвешка во тага, а живее во одлични услови - ќелијата на монструмот Андерс Брејвик (фото)

39-годишниот Андерс Брејвик е виновникот за масакарот кој Норвешка никогаш нема да го заборави, кога беа убиени 77 луѓе.

ja-zavi-norveshka-vo-taga-a-zhivee-vo-odlichni-uslovi-kjelijata-na-monstrumot-anders-brejvik-foto-01.jpg

Годинава излезе филмот „22 July“ за норвешкиот масовен убиец Андерс Брејвик, кој во 2011 година уби 77 луѓе во Осло и на островот Утоја.

Норвежаните не се презадоволни од филмот затоа што сметаат дека тој монструм не заслужува внимание, плус затоа што актерите во филмот наместо на норвешки јазик, говорат на англиски јазик со лош акцент.

Инаку, Брејвик е осуден на максимална 21 година затвор според норвешкиот закон, но затворот најверојатно ќе биде доживотен, затоа што законски смее да му се продолжува казната по 5 години сè додека се смета дека Брејвик е опасност за општеството.

Норвешка е позната како земја со најчовечки пристап кон прекршителите на законот и има затвори со најдобри услови во свет. Таму целта е рехабилитација на затворениците и оспособување за враќање во општеството, а не казнување.

Брејвик има на располагање ќелија во кои има телевизор, интернет, Сони Плејстејшн, справи за вежбање, книги и сопствен тоалет, но поради тоа што е осуден на самица тој се жали на „нехумани“ услови.

Терористот е во затворот Скиен со максимално обезбедување, а до 2013 беше во затворот Ила. Брејвик никогаш не им се извини на семејствата на жртвите.

Прочитајте и Како престој во хотел: Зошто норвешките затвори се најхумани и најефикасни во светот?

Ќелиите во кои престојува Брејвик изгледаат сосема пристојно:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вознемирувачки сцени: 12 фото-докази од Скопје и светот, во какво лудо време живееме Светот како пред очи да ни оди во неповрат, а ние навистина живееме во лудо врем...
„Живееме на трoпски остров со 100 плажи и 30˚C, но постои мрачна страна - бездомните кучиња“ „На Маурициус практично живееме надвор. И храната е неверојатна. Има многу штанд...
„Маж ми 18 години е заглавен во најстрашниот затвор во Дубаи – условите се ужасни, имаше и туберкуло... „Условите се ужасни. Исхраната е лоша и немаат никаква физичка активност. Рајан ...
Љубовта на норвешкиот фудбалер Халанд - на девојката фудбалерка ѝ купи чанта од 380.000 евра, растел... Тие се моќно модно дуо, а нивната љубовна приказна е уникатна – се познаваат од ...
Градска девојка пронајде среќа во животот на село - живее на фарма со сопругот, се породи со 9-тото ... Некогаш балерина и мисица, денес жена што меси леб, молзи крави и е посветена ма...
Меланија му ставала креми со кавијар кога бил дете, има свое богатство од 150 милиони долари - Како ... Барон никогаш не носел тренерки, дури ни како дете, туку од мал сакал да се обле...

Најчитани неделава