Чак Норис официјално е ренџер

Chuck-Norris-oficijalno-e-rendzer-povekjeКордел Вокер 8 години се бореше против злосторствата и неправдата во Тексас, но човекот кој е заслужен за неговото постоење дури сега доби...

 

...вистинско признание. Чак Норис и неговиот брат Арон се конечно прогласени за почесни тексашки ренџери.

Во четвртокот на дневниот ред на Државниот оддел за јавна безбедност во Тексас дошло и прашањето за почесни тексашки ренџери да бидат прогласени Чак и Арон Норис.

Иако веста инстантно се прошири преку Твитер и беше официјално потврдена, сè уште не е јасно зошто се чекало скоро 10 години откако Вокер се одрече од мамузите и го остави Далас сам да се бори против криминалците, да се направи ова.

Легендардната серија која му ја донесе најголемата слава на Чак Норис се емитуваше од 1993 до 2001 година и снимени се цели 9 сезони.

Џеф Дуклос, претставникот на Чак Норис, изјавил дека глумецот бил свесен дека тоа најверојатно ќе се случи, но не знаел кога:

Многу е среќен поради ова. Тој длабоко е поврзан со организацијата и секогаш во срцето ќе биде тексашки ренџер.

Чак и Арон Норис им се придружија на Џон Вејн и Џорџ Буш кои се исто така прогласени за почесни тексашки ренџери.

Но, разликата е во тоа што Чак Норис избројал до бесконечност и тоа 2 пати и во тоа што може да тресне врата што се врти!

А, еве и мало потсетување на неуништливиот Кордел Вокер.

Би можело да ве интересира:

„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Не крие дека е геј, има свршеник од Аргентина: Кој е новиот (и најмладиот) премиер на Холандија? Роб Јетен вчера официјално стана премиер на Холандија, откако победи на изборите...
„Се разведов по 30 години, ги оставив децата и се преселив на другиот крај од светот – првпат се чув... Штом нејзините деца завршиле средно, Синди од САД сфатила дека е уморна од својо...
Мрачната вистина за девојките на кои милионерите им плаќаат да бидат дел од нивните забави на јахти „Другарка ми возбудено ми рече: „Сè што треба да направиме е да разговараме со г...
Бизарно: Девојка лажирала бременост, па користела реалистична кукла и AI видеа за да личи на вистинс... Девојка од Шкотска лажирала цела бременост, а направила и прослава за откривање ...

Најчитани неделава