Снежни „ѕидови“ од 8 метри, оставени автомобили: Животот во најснежниот град во светот (фото)
- Детали
- недела, 13 јануари 2019
-->
Има неколку тротоари со греачи за топење на снегот, но во поголемиот дел од градот луѓето постојано носат чевли со шилци и со лопатите отстрануваат снег.
Најснежен град на светот, според AccuWeather, е Аомори и се наоѓа во Јапонија. Овој крајбрежен град e лоциран во северниот дел на Јапонија, помеѓу планини и залив.
-->
Во зимските месеци тука паѓа многу снег и неретко има сопирање на јавниот превоз и автомобили оставени на патот.
Сепак, и покрај проблемите, жителите на овој град пронаоѓаат начини како да го слават снегот со низа фестивали и традиционални организирани годишни прошетки низ снегот.
Како изгледа животот во Аомори, најснежниот град на светот:
Во овој град живеат 279.000 луѓе.
-->
-->
Неговата крајбрежна местоположба во комбинација со планините се „виновниците“ за најголемите снежни наноси во светот.
-->
Ветровите од планините и морето се мешаат и креираат брзо многу облаци.
Поради ниските температури не паѓа дожд, туку снег.
-->
Градот во просек има снежни наноси од 8 метри секоја година, помеѓу ноември и април.
Toa e драстично повеќе од јапонскиот град Сапоро, кој е „во трка“ со него, а во просек има 5 метри снежни наноси годишно.
Возењето низ Аомори понекогаш е како возење помеѓу глечери.
Низ овој град минува автопатот Hakkoda-Towada Gold Line кој се затвора секоја зима, а пред отворањето во април тим со булдожери и специјална механизација го чистат речиси еден месец.
Бидејќи од автопатот се отстранува многу снег понекогаш се формираат снежни ходници со ѕидови високи и по 8 метри.
Снежниот тунел е толку импресивен што секоја година доаѓаат туристи да го видат овој дел од автопатот, долг 8 километри, пред да биде отворен повторно.
На помалите улици во градот жителите постојано чистат и ангажираат служби.
Чистењето на снег со лопата во Аомори е приказна без крај и се прави наутро, попладне, навечер без прекин.
Уште 11 факти на следната страна...
Би можело да ве интересира:
Брачен пар, кој не сака деца пред да го прошета светот, е мета на осуда: „Прво сакаме да уживаме во ...
„Сакаме деца еден ден, но прво сакаме да уживаме во слободата. Не попуштаме под ...
„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим...
Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...
Мајка искрена за животот со 4 бебиња одеднаш: „Месечно трошиме 12.000 денари за пелени и 28.000 дена...
Ако сметате дека животот со едно бебе е скап, тогаш замислете како би изгледал ж...
Маж од Јужна Кореја бил инженер, па си дал отказ за да патува низ светот и никогаш не се покајал (фо...
„Од 2018-та година живеам во куфери. Тоа беше навистина луда одлука, но овој жив...
„Имам 75 години и танцувам на шипка – Пријателите ми свртеа грб, но јас го живеам мојот сон“
„Немав поим дали можам да танцувам на моја возраст и со моите болести, но не сам...
Бразилка (63) има посетено над 56 држави: „Внуците не треба да бидат причина да седиме затворени дом...
63-годишната Хосефа Феитоса решила дека нема да биде пензионерка која ќе се затв...