Како беа сфатени пораките на банани кои Меган им ги напиша на загрозените улични сексуални работнички?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Референт 24-04-2019
Возач 24-04-2019
Монтажер 24-04-2019


Како беа сфатени пораките на банани кои Меган им ги напиша на загрозените улични сексуални работнички?

Минатата недела, Меган Маркл и принцот Хари посетија хуманитарна организација за сексуални работници и помогнаа во пакувањето на оброци.

kako-bea-sfateni-porakite-na-banani-koi-megan-im-gi-napisha-na-zagrozenite-ulichni-seksualni-rabotnichki-01.jpg

Оваа хуманитарна органзиација им помага на жените да ја напуштат уличната сексуална работа, каде многу од нив се соочуваат со злоставување, сиромаштија или зависност.

Од организацијата им нудат секаков тип на поддршка и помош, а за време на пакувањето на оброците за работничките, Меган дошла до генијална идеја.

kako-bea-sfateni-porakite-na-banani-koi-megan-im-gi-napisha-na-zagrozenite-ulichni-seksualni-rabotnichki-02.jpg

„Имате ли маркер? Имам идеја. “ – Меган побарала маркер и започнала да пишува кратки, но моќни пораки на бананите кои биле дел од оброкот за жените.

„Ти си силна, ти си храбра, ти си сакана, ти си посебна“ се само дел од пораките кои таа ги напиша на бананите, а раскажа дека идејата ја добила од жена која работела во школска кафетерија и со кратки пораки на банани ги мотивирала учениците.

kako-bea-sfateni-porakite-na-banani-koi-megan-im-gi-napisha-na-zagrozenite-ulichni-seksualni-rabotnichki-07.jpg

Извршниот директор на организацијата, Ана Смит, подоцна им се заблагодари на кралскиот парк што помогнале:

Но, како ги сфатија пораките на Меган и нејзиниот добар гест работничките, до кои беа упатени истите?

Додека едни ги сфатиле како одличен, љубезен потег, други го сфатиле тоа навредливо и сметаат дека можела да направи многу повеќе од тоа да напише 3 збора на банана.

„Луѓето овде се борат за сон и храна, а таа ни подарува некои зборови на овошје. Има моќ да ни помогне многу повеќе од тоа. Малку е навредливо, знаете...“

„Надвор е многу ладно и навистина е борба да се соберат пари, да се стане од кревет и да се излезе вечерва, па секаква помош е добрoдојдена.“

kako-bea-sfateni-porakite-na-banani-koi-megan-im-gi-napisha-na-zagrozenite-ulichni-seksualni-rabotnichki-05.jpg

kako-bea-sfateni-porakite-na-banani-koi-megan-im-gi-napisha-na-zagrozenite-ulichni-seksualni-rabotnichki-04.jpg

Што мислите вие за потегот на Меган?

kako-bea-sfateni-porakite-na-banani-koi-megan-im-gi-napisha-na-zagrozenite-ulichni-seksualni-rabotnichki-03.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган е несигурна, Трамп е моќен алфа маж: Какви тајни открива потписо... Неодамна имавме можност да ги откриеме најоригиналните автограми на познатите, н...
Зошто речиси половина од младите Јапонци не стапуваат во сексуални одн... Јапонија се соочува со сериозен пад на наталитетот и владата смислува низа мерки...
Птица што лае, улични мерачи за УВ зраци: 11 интересни работи кои ги и... Штекерите во Австралија имаат копчиња за безбедност, а на пакувањата од производ...