Што е Momo Challenge, ликот што се појавува во онлајн цртани и ги тера децата на самоубиство?

Momo Challenge е новиот предизвик кој сее страв кај родителите, заради опасноста по животот на нивните деца, а се работи за страшен лик кој се појавува во детски видеа и ги тера децата да следат инструкции за самоубиство.

shto-e-momo-challenge-likot-shto-se-pojavuva-vo-videa-so-crtani-i-gi-tera-decata-na-samoubistvo-1.jpg

Станува збор за страшен лик кој наводно се појавува во YouTube видеа од цртани филмови и други детски програми и ги охрабрува децата да прават опасни задачи кои на крај завршуваат со самоубиство.

Постојат тврдења дека овој страшен лик се појавил во видео со Peppa Pig, а некои тврдат дека ликот го пронашле и во игри како Fortnite.

shto-e-momo-challenge-likot-shto-se-pojavuva-vo-videa-so-crtani-i-gi-tera-decata-na-samoubistvo-01.jpg

Според тврдењата, видеата започнуваат сосема нормално и нема никакви сомнителни работи, а среде видеа, се појавува ликот и ги тера децата да го додадат на WhatsApp, заканувајќи им се дека во спротивно ќе дојде во сон и ќе ги убие.

Откако ќе го додадат, страшниот лик им дава инструкции на децата да го вклучат шпоретот додека сите спијат, да ги испијат апчињата на родителите и други дејствија кои може да им наштетат по нивниот живот.

Родителите ширум светот се во паника и постојано споделуваат предупредувања на социјалните мрежи, со што веста вирално се прошири.

" data-width="630" data-show-text="true">
" class="fb-xfbml-parse-ignore">

Parents please be aware and very cautious of what your child watches on YouTube and KIDS YOUTUBE. There is a thing...

Posted by Amyre Shonny on Tuesday, 26 February 2019

Дури и Ким Кардашијан на Инстаграм ги предупреди родителите за овој страшен предизвик кој создаде паника и страв.

shto-e-momo-challenge-likot-shto-se-pojavuva-vo-videa-so-crtani-i-gi-tera-decata-na-samoubistvo-03.jpg

Сепак, не постојат докази за ова, како и за случаи на самоубиство кои се поврзани со овој предизвик, а од YouTube демантираат и велат дека немаат никаков доказ за Momo Challenge на YouTube.

Иако не постои потврда за тоа дали е ова вистина, сепак предупредување до сите родители - иако за жал не може да им ги забраните телефоните и видеата, сепак, внимавајте на вашите деца и контролирајте што гледаат на интернет, бидејќи дури и самата приказна и изглед на ликот може да создадат сериозен страв кај детето. 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Обучена е да ги заштити децата во терористички напад, забранет ѝ е еден збор - Која е дадилката на к... Многумина сметаат дека не постои подобра дадилка во светот од Марија Тереза и то...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...

Најчитани неделава