Ужасно болна процедура: Од 6 години им ги врзувале стапалата за да им бидат мали (фото)

Овие жени денес имаат по 80 и 90 години, а родителите ги терале стапалата да си ги врзуваат уште од 6-годишна возраст.

poslednite-zheni-od-kina-shto-si-gi-vrzuvaat-stapalata-za-da-im-bidat-mali-foto-01.jpg

Во најзафрлените делови на Кина сè уште постојат жени кои практикуваат болно врзување на стапалата со цел тие да им бидат мали.

Старомодната и болна практика е забранета со години, но од оваа архаична навика за убавина стара векови некои жени не се откажуваат.

Фотографот Камерон Хек излезе на терен и фотографираше некои жени кои сè уште се држат до оваа практика.

„Врзувањето на моите стапала беше толку болно, почнав да ги врзувам од 6 години, се сеќавам плачев многу и кога никој не гледаше јас си ги одвиткував завоите и ги врзував полабаво за да ја намалам болката. Ако ме фатеа родителите дека го правам тоа бев во неволја.

Процесот на правењето на моите стапала мали беше ужасно болен, но сега повеќе нема болка. Имаше и кршење на коски во моите стапала.“, изјави една 92-годишна жена.

Кинеската влада во повеќе наврати ја забрануваше оваа практика, која порано беше многу проширена низ оваа земја. Во минатото на жените со мали стапала покрај „добрата естетика“, придобивка било и што им се отежнувало движењето, па поголема била веројатноста дека ќе останат дома да готват, шијат облека и да се грижат за децата.

Дел од овие жени:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вознемирувачки сцени: 12 фото-докази од Скопје и светот, во какво лудо време живееме Светот како пред очи да ни оди во неповрат, а ние навистина живееме во лудо врем...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Маж и жена се свршија на врвот на Емпаер Стејт Билдинг, па ги уапсија (фото+видео) Ангела и Иван се познати „зависници од адреналин“ кои редовно се искачуваат на о...
Градска девојка пронајде среќа во животот на село - живее на фарма со сопругот, се породи со 9-тото ... Некогаш балерина и мисица, денес жена што меси леб, молзи крави и е посветена ма...
Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
Вирално видео: Луѓето во Кина ловат риба на поплавените улици, по тајфунот Рагаса Тајфунот Рагаса ги претвори улиците во јужниот дел на Кина во реки. Кога локалци...

Најчитани неделава