Деринкују - неверојатниот подземен град во Кападокија, кој се наоѓа 85 метри под нивото на земјата

Со векови бил скриен од очите на јавноста, а откриен е дури во 1963 година, Деринкују е апсолутно волшебен инженерски потфат. Овој град е изграден на околу 85 метри под површината на земјата, а во него живееле 20.000 жители.

Derinkuju neverojatniot podzemen grad vo Kapadokija 01

Според турското Министерство за култура, овој подземен град го изградиле Фригијците, индоевропскиот антички народ, во период од 8 до 7 век п.н.е., а се верува дека е проширен во ерата на Византиска империја.

За време на подемот на Персиското царство, градот се користел како место за бегалци, а подоцна како засолниште од инвазијата на Римјаните и Арапите. Градот е конечно напуштен за време на отоманската ера.

Деринкују се наоѓа во централниот дел на Анадолија во Турција. Според официјалната историја, градот ѝ припаѓал на Медијската Империја, првата Иранска империја.

Овој импресивен град не е единственото неверојатно археолошко откритие во Турција. Околу десетина други подземни градови (околу 200) се откриени во близина, од кои најмалку 40 имаат три ката.

Деринкују е веројатно најголемиот од нив, а подземните тунели го поврзуваат со четири други градови. Сите овие подземни градови можеле да примат околу 100.000 жители.

Derinkuju neverojatniot podzemen grad vo Kapadokija 02

Целиот регион, полн со археолошки чуда, како што се природни пирамиди, подземни градови, градови врежани во карпи, се вика Кападокија.

Деринкују (Длабокиот бунар), како најголем подземен град во Кападокија, има 18 ката кои водат до длабочина од 85 метри под нивото на земјата. Низ градот тече свежа вода за пиење, постојат многу системи за вентилација, индивидуални станови, продавници, простории за комунални услуги, бунари, гробишта, како и специјални дупки за бегање.

Пронајдено е дури и училиште, како и специјални комори каде се чувале животните.

Derinkuju neverojatniot podzemen grad vo Kapadokija 03

Градот е отворен за посетители, но само еден дел од градот може да се види. Повеќето од влезовите се толку тесни тунели што тешко може да се влезе.

Влезот го чува масивна кружна врата која е запечатена одвнатре, а секој кат од градот имаше своја врата.

Derinkuju neverojatniot podzemen grad vo Kapadokija 04

Derinkuju neverojatniot podzemen grad vo Kapadokija 05

Derinkuju neverojatniot podzemen grad vo Kapadokija 06

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Морничави видеа: Огромна дупка се отвори на автопат во Бангкок – „проголта“ автомобили и бандери Дупка со ширина од 30 метри и длабочина од 50 метри се формира на автопат во Бан...
„Лицето ми се деформира од паразит – си ги потрошив сите пари за да најдам лек, ми се уништи животот... Американска ријалити ѕвезда вели дека „закачила“ паразит во Мароко што ѝ го дефо...
Мислењата поделени: Забрана за деца во некои вагони во возови во Франција - за да не го рушат мирот „Откако стана прифатливо родителите да не ги контролираат своите деца, тогаш да,...
Застрашувачка сцена: Огромна лавина се движи кон скијачи во ски-центар во Италија (видео) На драматична снимка се гледа како се формира снежна лавина во ски центар во Ита...
Кејт Мидлтон со круна на принцезата Дијана, Доналд и Меланија главни гости: Како помина раскошниот б... Во замокот Виндзор се одржа државен банкет во чест на американскиот претседател ...
„Потрошив многу пари за новогодишни подароци на син ми и сега не знам како ќе си ги платам сметките“ „Приходите навистина почнаа да ми се пресушуваат. Ова е застрашувачко време за м...

Најчитани неделава