Рецептот за банкрот на Џејми Оливер – како пропадна славниот готвач?

Можеби најпознатиот англиски готвач во светот Џејми Оливер кој се прослави пред речиси 20 години пред малите екрани, се соочува со огромни финансиски проблеми.

Receptot-za-bankrot-na-Dzejmi-Oliver-01.jpg

Имено, неговиот синџир на ресторани лоцирани во Велика Британија прогласи стечај. Империјата на Џејми Оливер започнува да се руши како кула од карти.

22 од рестораните во сопственост на готвачот се затворени за посетителите. Над 1000 вработени лица се отпуштени од работа, иако добиле гаранција дека ќе бидат финансиски надоместени според сите законски барања.

View this post on Instagram

A post shared by James Cann (@jamesc89)

Два од италијанските ресторани и еден на аеродромот Гетвик се сè уште отворени, но не се знае до кога. Кризата, за среќа не ги опфаќа рестораните надвор од Обединетото Кралство кои работат на малку поинаков принцип.

Џејми Оливер се огласи на Твитер со изјава дека е преоптоварен од банкротот на неговиот синџир на ресторани и фактот што толку многу луѓе остануваат без работа. Тој им се заблагодари што го дале своето срце и душа во развојот на бизнисот, но очигледно сите напори биле залудни.

Единствениот излез од ситуацијата е да се најдат инвеститори кои имаат желба да го спасат бизнисот. Сепак, ова е малку веројатно сценарио бидејќи синџирот ресторани има долг кој изнесува 71 милиони фунти.

На почетокот на годината, Џејми Оливер инвестирал 4 милиони фунти со цел да го активира бизнисот и со надеж дека ќе успее да го спаси. Оваа одлука се покажала како погрешна. Загубите се уште поголеми од очекуваното.

За многумина, овој настан не може да се означи како неочекуван, иако навидум сите се прашуваат што го предизвика неуспехот на светски познатиот готвач.

Кога Оливер го отворил својот прв италијански ресторан во 2008 година тој побарал услуга на високо ниво и користел исклучиво производи со врвен квалитет. Се разбира, не ги земал предвид трошоците наспрема заработувачката, како и цените во менито.

Впрочем, цените воопшто не се смениле во текот на годините, но квалитетот значително опаднал. Што е рецептот за банкрот и неуспех на Џејми Оливер? – Ресторани од средна класа кои нудат мени со превисоки цени.

Погрешната селекција на локации каде што се сместени рестораните исто така има удел во пропаста. Дел од нив се лоцирани во просечни соседства, каде што жителите може да си дозволат пристоен, но не и луксузен оброк. Посетителите воедно се ретко подготвени да платат скап оброк во ресторан во 5 ѕвездички. Масите во рестораните на Оливер останувале празни.

https://www.instagram.com/p/BlK8DgsA1Ht/?utm_source=ig_embed

Во случаите кога тие сепак биле полни со резервации и гости, послужувањето се одвивало „како на лента“. Персоналот им вршел притисок на клиентите да јадат побрзо, со цел поскоро да ја ослободат масата и да услужат нови гости. Ова се случувало многу често, и покрај фактот што клиентите плаќале по 100 фунти за обична вечера.

Многу критичари го изразија своето негативно мислење за рестораните на 43-годишниот Џејми Оливер. Според нив, готвачот треба ним да им плати за да јадат повторно во некој од неговите ресторани.

Он-лајн прегледите, рецензиите и рејтингот на клиентите, исто така имаат удел во подемот и падот на ресторантскиот бизнис на Оливер. Според критичарите пак, рестораните и онака не се ништо посебно.

Според експертите, Џејми Оливер остана заглавен во времето и не успеа да ги заследи трендовите на индустријата. Неговите италијански ресторани доживеаа неуспех поради нискиот квалитет, високите цени и рецепти далеку од традиционалните.

Прочитајте и Семејната идила на готвачот Џејми Оливер - 17 години брак и 5 дечиња (фото)!

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нарачувал храна, па глумел дека има срцев удар - На иста „финта“ се обидел да побегне и да не плати ... Нарачувал јастози, руска салата и виски, па глумел дека има срцев удар за да не ...
Луѓето ја нарекуваат „зомби“ - Далија има направено 43 операции за да личи на Барби и не планира да ... Далијa Наим сонува да личи на барбика, но засега добива само критики за изгледот...
Сериозен проблем со здравјето, неколку операции: Што се случи со најубавото девојче во светот, Тилан... 22-годишната Тилан Блондо беше прогласена за „најубаво девојче во светот“ кога и...
Детенце (11) од Англија е ѕвезда на Инстаграм поради долгата, бујна коса (фото) 11-годишниот Фарук Џејмс од Англија е препознатлив по долгата, бујна коса. Но, т...
Познати личности чии деца починале Сообраќајка, задушување, ретки болести, предозираност...Ова се само дел од причи...
Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео) „Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и сл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg