Чернобил се трансформира во неверојатен природен резерват, сега отворен и за јавноста

Во 30-те години после ужасната нуклеарна катастрофа во Чернобил, целото место поминало низ бавен процес на одново раѓање. 

chernobil-se-transformira-vo-neverojaten-priroden-rezervat-sega-otvoren-i-za-javnosta-01.jpg 

Преку губењето на животите и напуштањето на домовите, настанало нешто навистина изнендувачко – со текот на годините, Чернобил станал дом на секаков вид диви животни.

Околу Исклучената зона, која се протега на радиус од 30 километри од електраната, природата почнала да си го враќа она што го уништиле луѓето.

Пред несреќата во 1986-та година, во Чернобил и Припјат живееле околу 120.000 луѓе. Сега областа околу електраната буквално цути со живот. И покрај ослободената радијација, флората и фауната почнале да заживуваат.

Во 2015-та година, истражувачи од Велика Британија објавија информации кои покажуваат дека денес овде има многу повеќе животни отколку пред катастрофата.

 chernobil-se-transformira-vo-neverojaten-priroden-rezervat-sega-otvoren-i-za-javnosta-02.jpg

Имено, елени, срни, лисици, волци и многу други видови го искористиле отсуството на луѓе и ги поставиле своите корени. Голем број ретки видови за кои се мислело дека се исчезнати од областа, биле забележани во Исклучената зона.

Интересно е што ова зголемување на цицачите е спротивно од севкупниот тренд на делови од поранешниот Советски Сојуз, каде што бројот на цицачи се намалува.

chernobil-se-transformira-vo-neverojaten-priroden-rezervat-sega-otvoren-i-za-javnosta-05.jpg

Иако туризмот во Чернобил не е ништо ново, посетителите кои сакаат да ја видат природата ќе бидат задоволни со „еко“ турите. APB-Birdlife Belarus, најголемата приватна организација за конзервација во државата, почна да ги води овие посебни искуства.

chernobil-se-transformira-vo-neverojaten-priroden-rezervat-sega-otvoren-i-za-javnosta-03.jpg

Она што ја прави областа толку уникатна е што за разлика од другите делови од Чернобил, оваа област ѝ се отвори на јавноста дури во декември минатата година. Денес местото е дом на речиси 70% од видовите птици во државата, како и бројни волци, мечки и вепари.

„Замислете си празни села проголтани од вегетацијата и окупирани од нови диви жители, бујни шуми, зелена трева и вистинска шанса да сретнете елен и волк на патот“, напишале од организацијата.

chernobil-se-transformira-vo-neverojaten-priroden-rezervat-sega-otvoren-i-za-javnosta-04.jpg

Уште подобро е што организацијата го користи целиот профит за локалниот див свет, па не само што ќе искусите и видите нешто неверојатно, туку ќе дадете и нешто за возврат.

chernobil-se-transformira-vo-neverojaten-priroden-rezervat-sega-otvoren-i-za-javnosta-006.jpg

chernobil-se-transformira-vo-neverojaten-priroden-rezervat-sega-otvoren-i-za-javnosta-008.jpg

chernobil-se-transformira-vo-neverojaten-priroden-rezervat-sega-otvoren-i-za-javnosta-007.jpg

Прочитајте и: Морничави фотографии од градот на духови Припјат, 33 години по катастрофата Чернобил

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Трошам 200.000$ дневно на себе“ - Домаќинка од Дубаи се фали со парите од сопругот Линда Андраде (27) е богата домаќинка од Дубаи. Нејзината приказна е како сценар...
„Ќерка ми загина неколку дена пред 3-иот роденден, врз неа падна комода од 30kg – родители бидете по... „Се случи многу брзо и многу тивко. Се случи нешто незамисливо. Вината и срамот ...
Над 20 години ја држела како робинка за да ѝ го чисти домот: Детали за случајот што го згрози светот Повеќе од 25 години, жена од Англија која требало да се грижи за девојка со проб...

Најчитани неделава