Супермаркет дава кеси со срамни натписи – креативна идеја за купувачите да престанат да ги користат

Низ целиот свет има обиди да се намали количеството на пластика за една употреба. Нештата како пластични кеси, пластичен прибор и сламки се брз и едноставен начин да се намали отпадот кој често завршува во океаните.

interesna-ideja-supermarket-dava-kesi-so-zasramucahki-natpisi-01.jpg

Иако можеби е потребно време за јавноста да ја промени својата перцепција за пластиката за една употреба, еден супермаркет во Канада употребил навистина брзо и ефикасно решение.

Купувачите во продавницата East West Market во Ванкувер, Британска Колумбија добиваат кеси кои имаат засрамувачки натписи и логоа на нив, што ретко кој би сакал да ги носи со себе.

interesna-ideja-supermarket-dava-kesi-so-zasramucahki-natpisi-02.jpg

Идејата била дека на луѓето ќе им биде непријатно да шетаат наоколу со кеси на кои пишува „Продажба на маст за брадавици“, „Продавница за чудни видеа за возрасни“ или „Кооперација за нега на дебелото црево“.

На кесите се наоѓа и помал натпис кој гласи „Избегнете го срамот. Донесете торба за повеќе употреби“.

На нивниот Инстаграм профил, од продавницата објавиле: „Тешко е секогаш да се сетите на торба за повеќе употреби. Ги редизајниравме нашите пластични кеси така што ќе ви помогнат никогаш повеќе да не заборавите!“

Сопственикот на продавницата, Дејвид Ли Квен, изјавил: „Пораката е дека треба да направиме свесен напор да ја спасиме нашата планета чекор по чекор. Пластичните кеси се голем проблем и секој чекор помага.“

Но, изгледа дека планот на Дејвид вродил со резултат спротивен од очекуваниот. Имено, кога луѓето слушнале за новиот дизајн, почнале да ја посетуваат продавницата само за да набават од нивните кеси.

interesna-ideja-supermarket-dava-kesi-so-zasramucahki-natpisi-03.jpg

„Дефинитивно ова предизвика интерес. Штом ќе започнете разговор, веднаш станува интересен, барем така мислам.“

interesna-ideja-supermarket-dava-kesi-so-zasramucahki-natpisi-04.jpg

За среќа, оваа шега ќе биде достапна само ограничен период, бидејќи целиот проект ја чини продавницата пари. Сепак, Дејвид се надева дека Канада ќе ги следи стапите на Чиле, која ќе стане првата држава што целосно ќе ги забрани пластичните кеси.

Доколку законот биде прифатен, ќе биде усвоен една година од неговата најава. Дотогаш, продавниците ќе треба да воспостават строги правила, според кои на потрошувачите им е дозволено да земат најмногу две пластични кеси за секое купување.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
„Се разведов по 30 години, ги оставив децата и се преселив на другиот крај од светот – првпат се чув... Штом нејзините деца завршиле средно, Синди од САД сфатила дека е уморна од својо...
Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
„Продадовме сè за да патуваме низ светот и се вративме дома за 6 месеци – реалноста е поразлична од ... „Седиме на убава плажа, но јас морам да се вклучам на состанок. Одиме на кафе во...
Порано се срамела, сега гордо го покажува – Девојката со најширок јазик во светот Во детството ја исмејувале и луѓето постојано ѝ коментирале за широкиот јазик, п...
Најстарата жена во светот има 116 години: Се родила кога владеел пра-прадедото на кралицата Елизабет... Со своите 116 години, Етел од Англија е најстарата жена во светот. Се родила пре...

Најчитани неделава