Сите метеорски дождови до крајот на годинава што вреди да ги набљудувате

Можеби веќе се подготвувате за Персеидите, но знаевте ли дека има други метеорски дождови што вреди да ги набљудувате? 

meteorski-dozhdovi-do-krajot-na-godinava-shto-vredi-da-gi-nabljuduvate-01.jpg

Во продолжение погледнете ги метеорските дождови што можеме да ги очекуваме до крајот на годината и кои, за среќа, се видливи и од кај нас.

Јужни Делта Аквариди

Во последната недела од јули има неколку метеорски дождови, а еден од нив се Jужните Делта Аквариди кои се највидливи на 30-ти јули. Овој метеорски дожд најдобро се набљудува од јужна половина на Европа и се забележуваат од 10 до 15 метеори на час.

Во најактивниот период, можат да се забележат и до 40 метеори на час. Делта Аквардитите се познати по нивните светли, и често разгорени метеори.

meteorski-dozhdovi-do-krajot-na-godinava-shto-vredi-da-gi-nabljuduvate-02.jpg

Персеиди

Ова е можеби најпознатиот метеорски дожд, но, за жал, годинава ќе биде „засенет“ од речиси полната месечина. Оваа година Персеидите ќе бидат најактивни на 13-ти август.

Добро е што дождот ќе трае и пред изгрејсонцето, така што ќе имате можност да ги набљудувате подобро. Кога небото е чисто и неосветлено, можат да се забележат и до 80 метеори на час.

Сепак, месечевата светлина ќе го ограничи овој број на околу 10-20 метеори на час.

meteorski-dozhdovi-do-krajot-na-godinava-shto-vredi-da-gi-nabljuduvate-03.jpg

Ориониди

Орионидите како да ја отвoраат „сезоната на метеорите“. Односно, после нив следуваат 3 месеци со чести метеорски дождови.

Највидливи ќе бидат на 22-ри октомври, а во тој период можете да забележите околу 20 метеори на час. Оваа година, исто како и за Персеидите, месечината ќе го осветли небото и ќе ја намали нивната видливост.

meteorski-dozhdovi-do-krajot-na-godinava-shto-vredi-da-gi-nabljuduvate-04.jpg

Тауриди

Тауридите се навистина интересен метеорски дожд кој е активен неколку месеци. Најчесто има два oграноци од дождот – Јужни Тауриди и Северни Тауриди. Јужните Тауриди се највидливи на 10-ти октомври и се забележуваат околу 5-7 метеори на час.

Северните Тауриди се најактивни на 12-ти ноември и ќе се забележуваат ист број на метеори. Иако Тауридите не се многу интензивни, познати се по светлите метеори.

meteorski-dozhdovi-do-krajot-na-godinava-shto-vredi-da-gi-nabljuduvate-05.jpg

Леониди

И Леонидите оваа година ќе бидат осветлени од речиси полната месечина, па се очекуваат околу 3-5 метеори на час. Највидливи ќе бидат на 18-ти ноември.

meteorski-dozhdovi-do-krajot-na-godinava-shto-vredi-da-gi-nabljuduvate-06.jpg

Геминиди

Геминидите се можеби најубавиот метеорски дожд во годината, но за набљудување повторно ќе пречи месечината. Сепак, и покрај тоа, ова е шоу што вреди да го видите.

Највидливи ќе бидат на 14-ти декември и се очекува да се забележат и до 30 метеори на час. Покрај тоа, ноќта за набљудување е петок, па ќе можете да ги гледате и до подоцна.

meteorski-dozhdovi-do-krajot-na-godinava-shto-vredi-da-gi-nabljuduvate-07.jpg

Урсиди

Последниот значителен метеорски дожд годинава се Урсидите. Највидливи се на 23-ти декември и обично се појавуваат околу 10 метеори на час.

Сепак, оваа година се очекува дождот да биде поинтензивен, а условите за набљудување ќе бидат совршени. Месечината ќе биде мала и ќе изгрее пред самрак, па нема да ви попречува во набљудувањето.

meteorski-dozhdovi-do-krajot-na-godinava-shto-vredi-da-gi-nabljuduvate-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Боби од Скопје по поплавите во Дубаи: „Имаше предупредување да не се излегува од дома, колешка ноќес... „Дене времето се расчистува, сончево е. Сите работат од дома, нема паника к...
Дечко од Данска ги посетил сите држави во светот за 10 години (без авион) - бил и во Дојран и Валанд... Во период од 10 години, Данецот Тор ги посетил сите држави во светот без авион. ...
Орка китови сè почесто напаѓаат мали бродови, потонаа неколку: Која е причината за ова (ново) морнич... Досега многупати се случувало орка кит да нападне брод удирајќи во него со глава...
Американците среќни за празничниот изглед на Белата куќа: „Џил Бајден не го мрази Божиќ како Меланиј... 98 елки, 34.000 лампиони и околу 142.000 светилки – годинава Белата куќа е како ...
Детенце (9) останало без нозе, по малтретирањето од родителите кога имало 1 месец - Малиот херој мин... Откако бил нападнат од биолошките родители на возраст од едвај еден месец, Тони ...
Сопружници спијат заедно со ќерките (12 и 6), јавноста ги осуди: „Ова е болно“ „Не постои поголема глупост од тоа децата да спијат во иста соба со родителите. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg