Низ фотки: Колку е опасна нашата зависност од пластика?
- Детали
- среда, 28 август 2019
Ако почнете да обрнувате внимание, ќе сфатите дека насекаде околу нас има отпад.
Пластични кеси, шишиња, чаши, амбалажи од храна, стара облека, играчки и стари електронски уреди – на листата како да ѝ нема крај.
Но најчесто се тешиме со тоа дека целиот отпад ќе заврши во некоја депонија, далеку од нашите очи. Но каде всушност завршуваат пластиката и целиот отпад што го фрламе?
Во Гватемала, овој отпад минува низ реката Мотагва. Најголемата река во државата минува и низ главниот град во кој живеат 3 милиони луѓе, а во сезоната на дожд, излеаната вода е полна со отпад.
Со години отпадот од водата завршува на плажите во Гватемала, задушувајќи ги малите рибарски заедници во пластика и стиропор.
Во малата заедница Ел Кецалито, локалните жители се обидуваат да исчистат нивните плажи, но овој проблем не е само локален, туку глобален. Всушност, 80% од пластиката во океаните е од неправилно складирање на отпадот.
Но изгледа дека проблемот не е неправилното складирање на отпадот, туку нашето неодговорно фрлање. Пластиката што завршува кај жителите на Ел Кецалито воопшто не потекнува од Гватемала, туку „допатувала“ од многу далеку.
Плажите во Гватемала најдобро го прикажуваат проблемот со отпадот
Локалните жители ги одржуваат „био-оградите“ поставени од владата чија цел е да го спречат отпадот да исплива во реката
Во Ел Кецалито, како и други помали заедници, жителите се обидуваат да ја искористат пластиката и на креативен начин
Гватемала има малку фабрики за рециклирање. Во Ел Кецалито собираната пластика се транспортира 300 километри на запад, кон главниот град Гватемала
Во главниот град постојат приватни установи за рециклирање каде што се одделуваат и компресираат материјали како хартија
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





