Места на кои е забрането да умрете

Можеби мислите дека законите на логиката и физиката не можат да бидат погрешни, но постојат неколку места каде што не смеете да умрете според  ниту еден закон.

Na ovie mesta e zabraneto da umrete 01

Ако некогаш решите да ги посетите, знајте дека нема да ви биде потребно осигурување:

Итсукушима, Јапонија

Јапонскиот остров, попознат како Мијаџима, се смета за свето место кое е дом на многу антички храмови. За да се одржи чистотата на ова место, раѓањето и смртта се забранети  од крајот на 19 век, па мештаните се носат на други острови пред да умрат.

На Итсукушима не постојат болници и гробишта.

Лонгјирбиен, Норвешка

Најсеверниот град во светот се наоѓа во архипелагот Свалбард, а слој на постојано ниските температури ја спречува земјата да се разгради. За да се спречи ширење на болести, властите во 1950 година решиле да забранат умирање.

Оние што умираат треба да се пренесат со авион до копното, каде подоцна им е „дозволено“ да умрат.

Ланјарон, Шпанија

Во 1999 година, градоначалникот на Ланјарон, во југоисточна Шпанија, го забранил умирањето. Гробиштата, наводно, биле преполни, а властите советувале 4.000 граѓани да останат живи сè додека не се купи нова земја за гробиштата.

Na ovie mesta e zabraneto da umrete 02

Градоначалникот дури им советувал на луѓето „да се грижат максимално за своето здравје, сè додека не најдат соодветно место за нови гробишта“. Не е познато колку време траело ова.

Сарпуренк, Франција

Во 2008 година, градоначалникот на француското село Сарпуренк им „забранил“ на жителите да умрат, освен ако веќе немале купено место на гробиштата. Тој, исто така, им се заканил со казни.  

На овој радикален потег се решил откако му било забрането да ги прошири гробиштата. Дали некој ја прекршил забраната или како бил казнет, не е познато.

Биритиба Мирим, Бразил

45 милји источно од Сао Паоло се наоѓа мал град, Биритиба Мирим, каде во 2005 година властите го забраниле умирањето, бидејќи гробиштата го достигнале максималниот капацитет од 50.000 луѓе.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“ По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...
Ги викаа „најубавиот италијански пар“ - По разводот тој откри дека покажувале лажна среќа на Инстагр... Раперот признава дека чувствува гадење кон својот минат живот, кога играл улога ...
Кејт Мидлтон со круна на принцезата Дијана, Доналд и Меланија главни гости: Како помина раскошниот б... Во замокот Виндзор се одржа државен банкет во чест на американскиот претседател ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...

Најчитани неделава