Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Тинејџерка им одржа лекција за климатските промени на светските лидери во Обединети нации

Во петокот, илјадници луѓе од целиот свет му се приклучија на штрајкот за преземање мерки за климатските промени.

tinejdzerka-im-odrzha-lekcija-za-klimatskite-promeni-na-svetskite-lideri-vo-obedinetite-nacii-01.jpg

Ширум светот, во 120 различни држави, беа организирани 4.500 протести, од кои еден се одржуваше во Њујорк, три дена пред самитот за климата на Обединетите нации.

Протестот во Њујорк кулминира со неколку говори, вклучувајќи го и оној на Грета Тунберг, 16-годишната активистка од Шведска.

tinejdzerka-im-odrzha-lekcija-za-klimatskite-promeni-na-svetskite-lideri-vo-obedinetite-nacii-02.jpg

Минатата година, Грета го започна движењето Fridays for Future (петоци за иднината), што доведе до штрајкот за климата. Во август 2018-та година, наместо да оди на училиште, Грета протестираше пред парламентот во Шведска, барајќи да се преземе нешто во врска со климатските промени.

Нејзината постапка брзо поттикна движење, па голем број млади луѓе од целиот свет почнаа да штрајкуваат во петок.

За да стигне во САД, цели две недели, Грета пловеше низ Атлантикот со брод без штетни емисии.

tinejdzerka-im-odrzha-lekcija-za-klimatskite-promeni-na-svetskite-lideri-vo-obedinetite-nacii-06.jpg

Во понеделникот, Грета се појави на самитот на ОН, каде што речиси низ солзи им одржа лекција на светските лидери:

„Не треба да бидам овде. Треба да бидам на училиште на другата страна од океанот. Сепак, сите доаѓате кај нас за надеж. Како се осмелувате! Ми ги украдовте соништата и детството со вашите празни зборови.

Но сепак, јас сум една од среќните. Луѓето страдаат. Луѓето умираат. Цели екосистеми се уништуваат. Ние сме на почетокот на масовно истребување. А сè за што вие можете да зборувате се пари и бајки за вечен економски раст. Како се осмелувате!“, изјави Грета.

tinejdzerka-im-odrzha-lekcija-za-klimatskite-promeni-na-svetskite-lideri-vo-obedinetite-nacii-04.jpg

„Младите луѓе почнуваат да го разбираат вашето предавство. Очите на помладите генерации се свртени кон вас. А ако одберете да нè предадете, нема да ви простиме. Нема да ви дозволиме да се извлечете со тоа.

Токму овде, токму сега ја повлекуваме линијата. Светот се буди и промената доаѓа, без разлика дали ви се допаѓа или не“, го заврши таа својот говор.

tinejdzerka-im-odrzha-lekcija-za-klimatskite-promeni-na-svetskite-lideri-vo-obedinetite-nacii-03.jpg

Говорот на 16-годишното девојче беше проследен со говор од папата Франциск, кој прашуваше дали политичарите работат доволно за да се справат со климатските промени.

tinejdzerka-im-odrzha-lekcija-za-klimatskite-promeni-na-svetskite-lideri-vo-obedinetite-nacii-05.jpg

Претседателот на САД, Доналд Трамп, кој претходно има изјавено дека климатските промени се „измама“, исто присуствуваше на самитот. Кина, Индија, Франција, Германија и Велика Британија биле помеѓу присутните држави, а Бразил и Саудиска Арабија се држеле настрана.

Погледнете го целиот говор на Грета:

/

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Живеам во Данска две години - малите деца сами одат во градинка, а платите се високи“ „Малите деца одат во градинка или на училиште сами и не чувствувате страв кога п...
„Ме прогонува“ - Бизарна маица со принт од свиња го згрози светот „Оваа страшна маица ме прогонува“ е еден од коментарите за маицата која ги подел...
Дечко од Канада бил несреќен на работа, си дал отказ и почнал да патува низ светот - денес е милионе... Кристијан Лебланк од Канада вели дека одлучил да ја напушти канцелариската работ...
Почина папата Франциск на 88 години Ѕвоната на црквите ѕвонат низ Рим, а Ватикан ја потврди смртта на папата Францис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg