Маж дал отказ и се преселил во Англија за да биде со својата девојка болна од рак

Кога Емили Гослин му кажала на своето момче, Дејв Батлер, дека е дијагностицирана со рак, тој не размислувал долго. За неколку денови дал отказ, се спакувал и од Канада, се преселил во Велика Британија за да биде со неа.

mazh-dal-otkaz-i-se-preselil-vo-anglija-za-da-bide-so-svojata-devojka-bolna-od-rak-01.jpg

Она што ја прави приказна уште поинтересна е тоа што Емили и Дејв се познавале само неколку месеци и никогаш не живееле во ист град.

Парот планирал да живее заедно во Ванкувер, Канада. Но, болеста на Емили им ги променила плановите. Емили била дијагностициран со рак на јајниците, но таа и Дејв решиле да останат позитивни, а во тоа дефинитивно им помогнала нивната силна љубов.

Неодамна парот се преселил во Ванкувер.

„Една позитивна работа за мојата дијагноза е тоа што почнавме да живееме заедно порано од планираното, иако ситуацијата не беше каква што ја замислувавме“, изјавила Емили.

mazh-dal-otkaz-i-se-preselil-vo-anglija-za-da-bide-so-svojata-devojka-bolna-od-rak-02.jpg

Таа смета дека времето што го поминале во Лондон им ја зацврстило врската. Иако целото искуство не било воопшто лесно, таа и Дејв не би промениле ништо.

Дејв и Емили се запознале кога таа живеела во Онтарио, Канада. За време на деловно патување до Ванкувер, го запознала Дејв, кој работел како директор на вински ресторан.

И двајцата веднаш ја почувствувале хемијата помеѓу нив, но тогаш Емили знаела дека наскоро ќе оди во Лондон. Сепак, парот одлучил да ја продолжат врската, но овојпат на далечина.

„Веднаш знаев дека има нешто посебно кај Дејв и бев навистина возбудена што планиравме заедничка иднина.“

Додека живеела во Лондон, двајцата минувале часови планирајќи го нивниот заеднички живот – како ќе го декорираат станот, каде ќе патуваат и како сакаат да им изгледа животот.

mazh-dal-otkaz-i-se-preselil-vo-anglija-za-da-bide-so-svojata-devojka-bolna-od-rak-03.jpg

Емили прв пат се загрижила за своето здравје откако почнала да се поти навечер. Набрзо потоа забележала дека стомакот ѝ е подуен, бубрезите постојано ја болеле и цело време била уморна.

Со текот на времето, состојбата ѝ се влошувала.

Најпрво докторот ѝ рекол дека најверојатно станува збор за стрес или чир на желудникот, но набрзо потоа ѝ дијагностицирал рак.

„Кај Дејв беше 5 часот наутро, кога ми кажаа дека имам рак. Малку се тресев, но бев навистина смирена со оглед на ситуацијата.“

Неколку денови подоцна, добила и колку-толку добри вести – ракот не се ширел.

mazh-dal-otkaz-i-se-preselil-vo-anglija-za-da-bide-so-svojata-devojka-bolna-od-rak-04.jpg

Дејв стигнал во Лондон само една недела после првата дијагноза. Заедно отишле кај онкологот на Емили, за таа да започне со терапијата.

Во тој момент било невозможно да чека да се пресели во Ванкувер, бидејќи ракот бил агресивен и веднаш почнала со хемотерапија.

Кога пристигнал Дејв, Емили имала само еден час пред да мора да се врати во болница.

„Отидовме во паркот во близина. Таму ми кажа дека ќе даде отказ и дека ќе остане со мене во Лондон. Почувствував големо олеснување, но во тој момент бев навистина гневна што ракот не го уништи само мојот, туку и неговиот живот.“

mazh-dal-otkaz-i-se-preselil-vo-anglija-za-da-bide-so-svojata-devojka-bolna-od-rak-05.jpg

Емили ја завршила терапијата со хемотерапија и ѝ бил отстранет десниот јајник, десниот јајцевод и слепото црево. Операцијата поминала добро и нејзиниот лекар ѝ рекол дека може да оди во Ванкувер и таму да продолжи со лекувањето.

„Десет недели после операцијата се состанавме со лекарот за да ги видиме резултатите. Иако се надевавме дека сè ќе биде во ред, дознавме дека на левиот јајник се формира нова маса. Другата операција е закажана за 7-ми октомври.“

Емили признала дека понекогаш се прашува дали воопшто ќе може да има деца.

Во текот на целиот процес, Дејв бил и останал голем поддршка. Никогаш не се иднесувал како да е заробен, ниту пак покажал гнев поради пресвртот во неговиот живот.

„Тој е најсилниот човек што го познавам и беше со мене постојано. Имам чувство како да се познаваме цел живот.“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...
„По 8 спонтани абортуси конечно добив син – сопругот ја продаде колекцијата патики за да платиме ин-... „Не бев сигурна дека некогаш ќе добијам бебе, а сега го држам во раце“ – вели же...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Маж од Јужна Кореја бил инженер, па си дал отказ за да патува низ светот и никогаш не се покајал (фо... „Од 2018-та година живеам во куфери. Тоа беше навистина луда одлука, но овој жив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg