Николета Ривера - Јутуберка без раце која вели дека може да направи сѐ

Николета Ривера е 21-годишна Јутуберка од Пенсилванија и е родена без двете раце. Сепак, ова не ја спречило да го живее животот со полни гради.

nikoleta-rivera-jutuberka-bez-race-koja-veli-deka-mozhe-da-napravi-se-01.jpg

Тоа што нема раце не ја спречува да ги извршува сите свои обврски.

„Научив да се шминкам со помош на YouTube. Точно знам што сакам од шминката, па ретко дозволувам некој друг да ме нашминка. Не можам сè да дофатам со нозете, па ја мрдам главата и така компензирам. Фризурите не ги правам сама, туку ми помага мајка ми.“

Кога мајка ѝ останала бремена со неа, лекарите ѝ кажале дека сè е во ред.

Но, во текот на седмиот месец од бременоста, се открило дека Николета нема раце. Иако лекарите сметале дека за Николета постојат 99% шанси да умре, таа се родила во одлична здравствена состојба. Како што рекла мајка ѝ, била дури и најздравото бебе во болницата.

Николета следела неколку канали за шминкање на YouTube уште од 14-годишна возраст. Откако сфатила дека ужива во шминкањето, Николета решила да направи свој YouTube канал, кој денес има над 3.000 претплатници.

https://www.youtube.com/watch?v=8Dk0xHCpXjA

Нејзиниот Instagram профил, пак, има околу 2.000 следбеници.

Николета смета дека е како и секоја обична девојка и денес живее со нејзиниот вереник Зек.

„Прв ѝ пратив навистина ризична порака, и за среќа, ми одговори. Бев навистина нервозен и сметав дека е неверојатна уште од самиот почеток“, изјавил Зек за неговата сакана.

На парот не му е грижа што понекогаш добивале чудни погледи и воопшто не им замерувале на оние кои го правеле тоа.

„Јас сум само обична девојка. Која е разликата што Зек е со мене, а не со некоја друга девојка?“

Пораката што сака да ја пренесе Николета е едноставна:

„Ако мислите дека не можете да направите нешто, можете, само треба да се потрудите.“

Николета изјавила и дека никогаш во животот не била малтретирана или исмејувана поради нејзината состојба. Најчесто, луѓето ѝ пријдувале бидејќи биле љубопитни за тоа како се снаоѓа и дали ѝ треба помош.

Мајка ѝ изјавила дека ретко кога Николета барала помош и секогаш се обидувала самата да си ги заврши сите обврски.

Оваа девојка, без сомнение, е вистинска инспирација за сите нас.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...

Најчитани неделава