Дечко од Хонгконг бара девојка која ја запознал во Охрид - објавата се шири вирално

Момче од Хонгконг објави фотка на Facebook со девојка која ја запознал во Охрид и бара некој да го спои со неа, бидејќи тој заборавил да ѝ побара контакт.

dechko-od-honkgkong-bara-devojka-koja-ja-zapoznal-vo-ohrid-objavata-viralno-se-shiri-01.jpg

Хари е момче од Хонгконг кое бара помош од корисниците на Facebook, да пронајде девојка која ја запознал во Охрид и се фотографирал со неа, но не успеал да дознае ништо повеќе за неа, бидејќи брзал да ја стигне групата. 

Фотографијата ја објавил во група на Facebook, а во објавата која вирално се шири стои:

„Ве молам помогнете ми: барам девојка која ја запознав во Охрид.

Здраво на сите, јас сум од Хонгконг. Го посетив Охрид на 7-ми октомври. Црквите, езерото, времето – навистина е прекрасен град. Но, една случка ми остави посебна импресија од Охрид.

Околу 11.30 часот, се упатив кон местото за ручек со целата група и членови од турата. Одеднаш, една девојка побара да се фотографирам со неа. Бев малку шокиран, но прифатив и ова е фотографијата. Бидејќи бев веќе оддалечен од групата, само се поздравив со неа, се заблагодарив и си отидов, без да побарам контакт.

Ако ја познавате девојката од фотографијата, може ли да ме поврзете со неа? Ако не ја знаете, а ова ви е интересно, ве молам помогнете ми да се прошири објавата.

Ви благодарам. Ако се случи чудо, ќе ве известам!“

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка од Велика Британија за својот бизнис во Дубаи: „Изнајмувам луксузни јахти, 24/7 добивам пови... „Цените на изнајмување започнуваат од 100 евра до 6.000 евра на час, во зависнос...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
Градска девојка пронајде среќа во животот на село - живее на фарма со сопругот, се породи со 9-тото ... Некогаш балерина и мисица, денес жена што меси леб, молзи крави и е посветена ма...
Нов бизарен потег на Трамп - не ѝ ја пушта раката на Брижит Макрон при ракување 13 секунди (вирално ... Во една пригода Трамп зборуваше дека Брижит се однесува „исклучително лошо“ кон ...

Најчитани неделава