2-годишно девојче сака да го наследи бизнисот на нејзиниот татко-автомеханичар (фото)


2-годишно девојче сака да го наследи бизнисот на нејзиниот татко-автомеханичар (фото)

Секогаш е добро да им кажете нешто повеќе на вашите деца за она што го работите.

tatko-avtomehanichar-i-negovata-kjerka-vo-najslatkata-fotosesija-01.jpg

Со ова не само што ќе им поставите добар пример, туку можеби ќе разбудите и некој нов интерес кај нив.

Лондин Бенет Дотсон отсекогаш сакала да го гледа татко ѝ како работи. Девант, таткото на Лондин, е автомеханичар и кога ѝ понудил на ќерка си да му помогне, на нејзината возбуда ѝ немало крај.

tatko-avtomehanichar-i-negovata-kjerka-vo-najslatkata-fotosesija-02.jpg

tatko-avtomehanichar-i-negovata-kjerka-vo-najslatkata-fotosesija-03.jpg

Родендените на 2-годишната Лондин и 26-годишниот Девант се еден до друг, па решиле да ги прослават со слатка фотосесија.

„Мислам дека штом го подигнавме автомобилот, таа прва легна под него. Потоа ѝ го подадов клучот и дури да сфатам што се случува, веќе ѝ подавав алатки како навистина да има работи таа!“, изјави Девант.

tatko-avtomehanichar-i-negovata-kjerka-vo-najslatkata-fotosesija-05.jpg

Идејата за фотосесијата била на мајката на Лондин, Ешли. Откако забележала како малото девојче го имитира татко си, таа веднаш посакала да ги фотографира.

„Во слободно време сум механичар, а Лондин ме гледа и се обидува да ми помогне во сè. Фотосесијата навистина ми го разубави денот, особено кога видов дека ќерка ми прави и сака нешто што работам.“

tatko-avtomehanichar-i-negovata-kjerka-vo-najslatkata-fotosesija-06.jpg

На големо изненадување на семејството, фотосесијата се прослави на Facebook и досега е споделена над 34.000 пати.

„Само ги објавивме фотографиите за нашите родендени, без да размислуваме премногу за тоа. Одеднаш, лајковите и споделувањата само се зголемуваа. Да бидам искрен, сè уште сме шокирани од тоа.“

tatko-avtomehanichar-i-negovata-kjerka-vo-najslatkata-fotosesija-07.jpg

Според Ешли, Лондин сака да прави сè што прави нејзиниот татко.

„Ако тој е надвор, надвор е и таа. Ако тој е под автомобил, и таа сака да биде под автомобил.“

tatko-avtomehanichar-i-negovata-kjerka-vo-najslatkata-fotosesija-09.jpg

tatko-avtomehanichar-i-negovata-kjerka-vo-najslatkata-fotosesija-10.jpg

Изгледа дека љубовта кон автомобилите е наследна во ова семејство. И самиот Девант почнал да поправа автомобили со дедо му, уште на 2-годишна возраст.

„Верувам дека Лондин можеби ќе стане автомеханичар подоцна во животот. Штом ќе го свртам грбот, таа се обидува да ги извади тркалата од нејзиниот велосипед, си игра со мојот мотоцикл или нејзиниот автомобил играчка.“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таа имала 14 години, а тој 18 кога станале родители за првпат - сега и... Откако открија дека на 13 години забременила за прв пат, најголемото семејство в...
Таа е 104 килограми потешка од својот сопруг и 11 години постара (фото... Овој уникатен пар вели дека секојдневно се соочува со предрасуди, но не се замор...
Жената која никогаш во животот не почувствувала болка, до 60 години ми... Една жена од Шкотска кршела коски, имала изгореници, неколкупати била оперирана ...