Повеќе нема пушење ниту во грчките кафулиња

Во Грција стапи на сила забраната за пушење на јавни места, а оние што ќе ја прекршат можат да си заработат казна од 100 до 10.000 евра.

povekje-nema-pushenje-ni-vo-grchkite-kafulinja-01.jpg

Пушењето е забрането во сите затворени простории, канцеларии, јавни места, автобуски станици и аеродроми, освен во просториите кои се наменети за тоа.

Истовремено, доколку запалите цигара во близина на место каде што има малолетници, училишта и спортски терени, ќе треба да платите казна од 200 евра.

Забраната важи и за автомобили. Односно, ако запалите цигара во приватен автомобил во кој има дете помало од 12 години, ќе платите 1.500 евра. Ако станува збор за службен автомобил, казната е 3.000 евра.

povekje-nema-pushenje-ni-vo-grchkite-kafulinja-02.jpg

Најмногу ќе се контролираат кафетериите, рестораните и дискотеките, но многу Грци изјавија дека повеќе сакаат да платат казна, отколку да пијат кафе без цигара.

Но, проблемот е што со ова можат да му наштетат на сопственикот на локалот – доколку некој запали цигара внатре, тој ќе треба да плати 500 евра.

„Грците мораат да се грижат за своето здравје и да ги остават цигарите. Забраната за пушење jа доживуваме како смела и модерна инцијатива во интерес на здравјето на нацијата, одлука што ја спроведоа многу држави, што значи, тоа го може и Грција“, изјави грчкиот премиер.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Ќерка на ирански тајкун троши повеќе од 500.000 евра месечно - Се фали на Инстаграм со „парите на та... „Добивам многу негативни реакции од луѓе кои ме задеваат дека трошам ‘пари од та...
Меланија му ставала креми со кавијар кога бил дете, има свое богатство од 150 милиони долари - Како ... Барон никогаш не носел тренерки, дури ни како дете, туку од мал сакал да се обле...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...

Најчитани неделава