Под улиците на Париз се кријат катакомби отворени за туристи

Сите го знаеме Париз како еден од најпосетуваните европски градови, полн со уметност, културни атракции и можности за уживање и разонода.

pod ulicite na pariz se krijat katakombi otvoreni za turisti 3

Она што се наоѓа на неговите улици е префинето и може да го привлече секој од нас.

Но, малкумина се запознаени дека под истите улици каде што се простираат симпатични ресторани, луксузни продавници и кафетерии постојат тунели долги 200 милји, исполнети со скелети и коски.

До 17 век во Париз живееле многу луѓе и во еден период целиот град бил преплавен со гробишта и лешови. За да не се уништат, дошло до решение скелетите да се постават во подземни тунели.

Ова практика датира уште во 13 век кога целиот Париз бил со варовнички камења пред да се изгради во просперитетен град.

pod ulicite na pariz se krijat katakombi otvoreni za turisti 1

Кружат секакви приказни од тоа време, а посебно е интересна за населбата Les Halles. Пред неколку векови граѓаните се пожалиле дека почнало да се шири непријатна миризба од распаднатите тела, а производителите на парфеми имале сериозни проблеми.

Многупати се разгледувало прашањето да се преместат гробиштата надвор од градот, но никогаш не се случило тоа. Па така, една пролет многуте дождови го срушиле ѕидот на мртвите и гнилите трупови ги распрснало во соседните имоти.

Поради тоа градот одлучиле дека треба да најдат друго место за да ги стават труповите. На градот му требале 12 години да ги пренесе сите коски во катакомби.

За време на Француска револуција мртвите биле погребувани директно во катакомбите.

pod ulicite na pariz se krijat katakombi otvoreni za turisti 4

Денеска е познато дека под познатите париски улици лежат над 6 милиони коски, собирани со текот на вековите.

Испреплетените тунели кријат многу приказни за љубов и одмазда, тага и радост, предавство и вечно пријателство.

Така што кога следен пат ќе го посетите Париз, направите отстапка од редовните рути и препуштете се да ја спознаете скриената страна на француската престолнина.

pod ulicite na pariz se krijat katakombi otvoreni za turisti 8

pod ulicite na pariz se krijat katakombi otvoreni za turisti 8

pod ulicite na pariz se krijat katakombi otvoreni za turisti 8

Автор: Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Сите љубовници на Адолф Хитлер - Бирал двојно помлади девојки, една му родила син, внуката се убила ... Приказната за љубовта на Адолф Хитлер и Ева Браун е позната на сите, но малкумин...

Најчитани неделава