Милијардер има билет за патување на Месечината и бара жена што ќе го придружува – има кандидатки?


Милијардер има билет за патување на Месечината и бара жена што ќе го придружува – има кандидатки?

Јусаку Маезава е милијардер кој потекнува од Јапонија и објави оглас на кој бара жена што би го придружила на неговото вселенско патување.

milijarder-so-bilet-za-patuvanje-do-mesechinata-bara-zhena-koja-kje-mu-pravi-drushtvo-01.jpg

Јусаку има 44 години и е првиот сопственик на билет за патување до Месечината, кое е планирано за 2023-та година.

milijarder-so-bilet-za-patuvanje-do-mesechinata-bara-zhena-koja-kje-mu-pravi-drushtvo-03.jpg

Милијардерот го привлече вниманието на јавноста минатата година, кога им подари 9 милиони долари на 100 Twitter корисници. Јусаку е сопственик на синџир продавници за облека, а според Forbes, неговото богатство се проценува на 2 милијарди долари.

Јусаку беше избран за првиот „месечев патник“ уште во 2018-та и уште тогаш изјави дека ќе овозможи неколку билети за уметници кои ќе можат да го насликаат нивното искуство. Сепак, му останало уште едно слободно место – за жената на неговиот живот.

milijarder-so-bilet-za-patuvanje-do-mesechinata-bara-zhena-koja-kje-mu-pravi-drushtvo-04.jpg

„Досега живеев како што сакав. 21 година работев како претседател на компанијата, предизвикувајќи им грижа на многу луѓе, но и добивајќи многу љубов и поддршка.

„Сега сакам да си го рестартирам животот. Имам 44 години. Како што чувствата на осаменост и празнина полека почнуваат да се појавуваат, има едно нешто за кое постојано мислам – да љубам една жена.“ - стои во неговиот оглас.

Јусаку смета дека токму ова сите го земаме здраво за готово и дека ова е нешто што не го пронашол досега.

milijarder-so-bilet-za-patuvanje-do-mesechinata-bara-zhena-koja-kje-mu-pravi-drushtvo-02.jpg

„Сакам да најдам животна партнерка. Со таа идна партнерка, сакам да ја изјавиме нашата љубов од вселената. Се надевам дека ќе запознаам некоја неверојатна.“

За оние кои сакаат да се пријават, Јусаку споделил и неколку услови за аплицирање:

- Сингл жени на возраст од 20 години или повеќе

- Ведра и секогаш позитивна личност

- Интерес за одење во вселената и можност за учествување во подготовките

- Личност која сака да ужива во животот до максимум

- Некоја која сака да има мир во светот.

Заинтересираните можат да аплицираат онлајн. Огласот важи до 17-ти јануари, а милијардерот ќе ја сподели конечната одлука дури на крајот од март.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена си позира за селфи во метро како никој да не ја гледа (видео) Жена одржа лекција за самодоверба откако си направи фотосесија среде метро. Храб...
Жена откри дека момчето ѝ го спасило животот 6 години пред да се сретнат Нивната уникатна љубовна приказна е доказ зошто донирањето крв е бесценето. Н...
Жена му родила бебе на најдобриот пријател на сопругот Ким им помогнала нивниот сон да стане реалност. Таа била сурогат мајка за второт...