Јапонија е прва, Македонија – 47-ма: Најмоќни пасоши за 2020-та и колку земји може да посетиме без виза?

Без разлика дали сакаме да го прифатиме ова или не, но нашите пасоши се спроводници до остатокот од светот. Тука играат многу фактори, некој е привилегиран што поседува одреден вид на пасош, а друг е „казнет“.

koi se najmokjnite pasoshi vo svetot za 2020 godina 4

Обично парче хартија поседува голема моќ и на некои среќници им дава пристап до кое и да сакаат место во светот, а на останатите им ја ограничува слободата на движењето и претставува голема пречка со која се соочува модерниот човек.

Еве, веќе е 2020 година и го имаме глобалниот извештај за мобилност со која се испитува моќта на пасошот на секоја нација. Интересно е што на ранг-листата, држави од Азија стојат на самиот врв, а европскиот пасош се спуштил малку подолу.

Годинава, првото место ѝ припаѓа на Јапонија, пасошот овозможува посети во дури 191 држава и се однесува на земји за кои не е потребна виза или истата можат да ја подигнат при пристигнување.

koi se najmokjnite pasoshi vo svetot za 2020 godina 1

На второ место е пасошот на Сингапур со пристап до 190 држави, а по овие две земји, на листата следуваат Германија и Јужна Кореја со можност да посетат 189 држави. 

Финска и Италија пак, можат без виза да посетат 188 држави

На петто место се наоѓаат Данска, Луксембург и Шпанија со можност да посетат 187 држави.

Ако веќе толку сакате да знаете... Македонија се наоѓа на 47-мо место и без виза може да посети 123 држави во светот, а кога ќе подразмислиме и не е толку страшно. Тука може да ја видите листата со земји кои можеме да ги посетиме со нашиот пасош.

Од регионот, над нас со помоќен пасош на листата се најдоа Грција со моќност за посета на 184 земји, Словенија со пристап до 180 држави, Бугарија со 171, Хрватска со 169, Србија со 133 држави и Црна Гора, едно место пред нас, со безвизен пристап до 124 држави.

На пример, постојат држави како Пакистан и Сомалија кои можат да посетат само 32 држави, по нив следува пасошот на Сирија со 29 државиИрак со 28 земји

На последно, 107-мо место се наоѓа Авганистан со безвизен пристап до само 26 држави.

koi se najmokjnite pasoshi vo svetot za 2020 godina 2

Списокот е навистина долг. За подетален преглед и повеќе информираност, посетете го сајтот The Henley Passport Index.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Ќерка на ирански тајкун троши повеќе од 500.000 евра месечно - Се фали на Инстаграм со „парите на та... „Добивам многу негативни реакции од луѓе кои ме задеваат дека трошам ‘пари од та...
„Се разведов по 30 години, ги оставив децата и се преселив на другиот крај од светот – првпат се чув... Штом нејзините деца завршиле средно, Синди од САД сфатила дека е уморна од својо...
„Продадовме сè за да патуваме низ светот и се вративме дома за 6 месеци – реалноста е поразлична од ... „Седиме на убава плажа, но јас морам да се вклучам на состанок. Одиме на кафе во...

Најчитани неделава