Ванеса поднесе тужба, сите зборуваа со солзи во очите пред 20.000 фанови – Комеморацијата во чест на Коби и Џиџи (фото)

Во понеделникот во Staples Center во Лос Анџелес се одржа комеморација во чест на Коби и Џиана Брајант.

20000-fanovi-im-odadoa-pochit-na-vanesa-i-kobi-na-komemoracijata-vo-nivna-chest-foto-01.jpg

20.000 верни фанови се собраа за да се збогуваат со кошаркарската легенда и неговата ќерка.

Настанот го отвори Ванеса, сопругата на Коби, со срцепарателен говор за нејзиното мало девојче и нејзината сродна душа.

„Бог знае дека не можеа да бидат на оваа земја еден без друг. Мораше да ги однесе дома за да бидат заедно“, изјави Ванеса.

Ванеса зборуваше за нејзината 21-годишна врска со Коби, а кошаркарот го опиша како најдобриот татко на нивните ќерки. Сподели како тој ги научил да бидат храбри и да не се откажуваат кога работите ќе станат тешки.

Прочитајте -  „Душо ти грижи се за Џиџи, јас ќе се грижам за Нати, Биби и Коко“- говорот на Ванеса Брајант на комеморацијата за Коби и Џиџи (видео)

20000-fanovi-im-odadoa-pochit-na-vanesa-i-kobi-na-komemoracijata-vo-nivna-chest-foto-02.JPG

Адвокатите на Ванеса поднесоа и тужба до компанијата што го поседувала хеликоптерот во кој загинаа кошаркарот и неговата 13-годишна ќерка.

Според тужбата која беше поднесена во понеделникот, пилотот Ара Зобајан бил немарен и невнимателен штом летал во лоши временски услови на 26-ти јануари и подобро би било да го откаже тој лет.

Пилотот Ара е еден од 9-те загинати во несреќата.

Тужбата на Ванеса нагласува дека пилотот покажал немарност на 8 разни начини, вклучувајќи погрешна проценка на времето, летање во лоши услови и губење контрола над леталото.

Сè уште не се знае што точно е причина за рушењето на хеликоптерот, но наводно, немало никаков знак за механичка неисправност. За целосен извештај може да се чека и повеќе од една година.

Фирмата што ја суди Ванеса, Island Express, сè уште се нема огласено за тужбата. Во јануари, компанијата напиша објава на својот веб-сајт во која изјави дека биле шокирани поради несреќата и некој период ќе престанеле со услугите.

И Бијонсе ја покажа својата тага со изведба на песните „Halo“ и „XO“, кои наводно, Коби многу ги сакал. Пејачката носеше и облека дизајнирана во чест на Коби и Џиџи – златен костим, но и виолетов маникир на кои беа испишани имињата на Коби и Џиана.

20000-fanovi-im-odadoa-pochit-na-vanesa-i-kobi-na-komemoracijata-vo-nivna-chest-foto-03.JPG

На сцената се качи и Алиша Кис, која ја отсвири „Месечевата соната“ од Бетовен на пијано. Ова била песната што Коби научил да ја свири за сопругата Ванеса.

20000-fanovi-im-odadoa-pochit-na-vanesa-i-kobi-na-komemoracijata-vo-nivna-chest-foto-04.JPG

Кристина Агилера, пак, приреди емотивна изведба на „Ave Maria“. Италијанската песна не е одбрана туку-така - Коби помина неколку години во Италија, додека неговиот татко играл кошарка во оваа држава.

20000-fanovi-im-odadoa-pochit-na-vanesa-i-kobi-na-komemoracijata-vo-nivna-chest-foto-05.JPG

Џими Кимел прозборе за бројните мурали што „никнаа“ во Лос Анџелес во чест на Коби и ќерка му.

„Изгледа дека сè што можеме да направиме е да бидеме благодарни за времето што го имавме со нив и за времето што ни останало за нас. Тоа е сè.“

Водителот додаде и дека е важно да бидеме благодарни за животот и за самиот факт што сме овде.

20000-fanovi-im-odadoa-pochit-na-vanesa-i-kobi-na-komemoracijata-vo-nivna-chest-foto-06.JPG

Колегата на Коби, Мајкл Џордан исто истапи на сцената изјавувајќи дека со смртта на Коби, умрел и дел од него.

„Како што го запознавав, сакав да бидам најдобриот постар брат што можам да бидам.“

Познатиот кошаркар и се пошегува за плачењето на сцената, изјавувајќи дека сигурно ќе стане меме за плачење.

Прочитајте - Мајкл Џордан плачеше: „Кога загина Коби, умре и дел од мене... Сега ќе станам МЕМЕ што плаче“...

20000-fanovi-im-odadoa-pochit-na-vanesa-i-kobi-na-komemoracijata-vo-nivna-chest-foto-07.JPG

После Џордан, на сцената се качи и Шекил О’Нил. Кошаркарот изјави дека имале комплицирана врска со Коби, но секогаш се почитувале и никогаш не го сфаќале ривалството премногу сериозно.

„Коби и јас отсекогаш сме имале длабока почит и љубов еден за друг.“

20000-fanovi-im-odadoa-pochit-na-vanesa-i-kobi-na-komemoracijata-vo-nivna-chest-foto-08.JPG

Влезниците за меморијалната служба биле целосно распродадени, а парите ќе бидат наменети за фондацијата Mamba and Mambacita.

Ванеса симболично го одбрала датумот 24-ти февруари, во чест на бројот на дресовите на Коби и Џиџи. Коби го носеше бројот 24 во втората половина од неговата кариера, додека Џиана го носеше бројот 2 кога била помала.

Помеѓу присутните беа и Канје Вест, Ким Кардашијан, Алекс Родригез, Џенифер Лопез, Џеј Зи, Снуп Дог и уште многу други познати лица.

Надвор од центарот каде што се одржуваш церемонијата, цел месец илјадници луѓе ја покажуваат нивната почит со свеќи, цвеќиња, уметнички дела и фотографии.

Погледнете како изгледаше комеморацијата во Staples Center:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
Таткото на Бјанка Сенсори, кој бил дел од картел: „Сакам да го прашам Канје зошто ја шета ќерка ми г... „Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што мисли па ја па...
„Првиот секс со мојот 30 години постар сопруг беше застрашувачки, но во бракот со него сум пресреќна... „Навистина бев вознемирена кога јас и Мајкл за првпат спиевме заедно. Ми требаше...
Татко си е татко: Чарлс му прости на Хари и го прими на 45 минути, но Вилијам нема намера да го види „Хари со душа чекал да добие покана од Вилијам за да преноќи кај него, но намест...
Ослабел 108kg, па пак се здебелил, невестата е 1.300 пати посиромашна од него - Факти за индискиот п... Младоженецот ги оставил сите со подзината уста кога ослабел 108 килограми во 18 ...
„Во младоста донирав сперма - Дознав дека сум татко на 37 деца откако ме контактира едно од нив“ Питер Еленштајн од Лос Анџелес е човекот на кого една порака на Фејсбук му го пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg