Значителен пад во продажбата на пивото Corona заради корона вирусот - нема ноќен живот и луѓето се плашат да не се заразат

Anheuser-Busch InBev, пиварата која го произведува пивото Corona, изјави дека корона вирусот кај нив влијае со сериозно намалена продажба во одредени региони. Тие пријавија загуба од $170 милиони долари во профитoт.

znacitelen-pad-vo-prodazbata-na-pivoto-corona-zaradi-korona-virusot-nema-noken-zivot-i-lugeto-se-plasat-od-zaraza-01.jpg

Според Блумберг, вирусот е виновен за намалување на околу $170 милиони американски долари од заработката на Anheuser-Busch InBev во Кина за јануари и февруари, и $285 милиони американски долари од приходот

Ова бележи најголем пад на кварталната добивка за компанијата - која исто така произведува и други пива вклучувајќи ги Будвајзер, Стела Артоис, Леф и Модело - за најмалку една деценија, при што Anheuser-Busch InBev предвидува дека заработката во првиот квартал ќе се намали за околу 10 проценти.

Од Белгиската групација велат: „Влијанието на појавата на вирусот врз нашиот бизнис продолжува да се развива. Избувнувањето доведе до значителен пад на побарувачката во Кина - побарувачката за време на кинеската Нова година беше пониска од претходните години бидејќи се совпадна со почетокот на оваа појава“.

„Има застој и во ноќниот живот - во многу области многу барови и ресторани беа принудени да се затворат“.

Минатиот месец „Гугл“ објави дека пребарувањата за „корона лагер“ се зголемиле за неверојатни 1.100 проценти, при што луѓето дури барале поими како „вирус на пиво“ и „вирус на корона пиво“, според „Метро“.

?s=20

Веројатно нема потреба да кажеме, но сепак: Не постои врска помеѓу пивото Корона и корона вирус.

Прочитајте повеќе за Корона вирусот низ бројки.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Нема лек или вакцина, се пренесува од лилјаци: Што знаеме за смртоносниот вирус Nipah кој се појави ... Во Индија се забележани неколку случаи на зараза со вирусот Nipah, кој има особе...
Мајка-херој од Англија загинала за да ја спаси 5-годишната ќерка – гранка од дрво паднала врз неа до... Мајка од Англија шетала во парк со својата ќерка, кога се откршила гранка од дрв...
Меланија му ставала креми со кавијар кога бил дете, има свое богатство од 150 милиони долари - Како ... Барон никогаш не носел тренерки, дури ни како дете, туку од мал сакал да се обле...

Најчитани неделава