Канада го забрани заробеништвото на делфини и китови и нивното користење за забава

Активистите за животински права извојуваа голема победа во Канада. Имено, во државата веќе не е дозволено заробеништво и размножување на китови, делфини и морски свињи за забавни цели.

kanada-go-zabrani-zarobenishtvoto-na-kitovi-i-delfini-i-nivnoto-koristenje-za-zabava-01.JPG

Актот со кој се прекинува заробеништвото помина во канадскиот парламент во понеделникот. Со ова, китовите, делфините и морските свињи нема да бидат подложени на разни измачувања и трауми за забава на луѓето. Активистите за животински права со години тврдат дека овие атракции се всушност суровост кон животните.

Сепак, во законот има и неколку исклучоци. Животните кои се веќе заробени веројатно ќе останат во истата положба. Истовремено, животните кои се спасени и се лекуваат, или се дел од научни истражувања исто ќе останат во сегашната положба.

kanada-go-zabrani-zarobenishtvoto-na-kitovi-i-delfini-i-nivnoto-koristenje-za-zabava-02.JPG

Аквариумите, парковите и зоолошките ќе можат да ги задржат животните што ги имале досега, но нема да можат да ги заменат со нови.

Одлуката ја поздрави и поранешниот канадски сенатор Вилфред Мур со изјавата:

„Имаме морална обврска да го искорениме заробеништвото на животните за профит и забава. Канаѓаните ни рекоа да направиме нешто, а ние послушавме.“

Активистите за животински права и маринските научници ја прославија победата и веќе некој период се залагаа за истата со хаштагот #EmptyTheTanks (испразнете ги аквариумите). Empty the Tanks е всушност интернационална кампања, чија цел е да го постигне ова што се случи во Канада. 

kanada-go-zabrani-zarobenishtvoto-na-kitovi-i-delfini-i-nivnoto-koristenje-za-zabava-03.JPG

Експертите долго време се обидуваат да докажат дека китовите и делфините во заробеништво се изложени на ужасно психичко и физичко страдање. Многу од животните имале хронични здравствени проблеми, покажувале абнормално однесување, знаци на изолација и екстремна здодевност. Заробеништвото резултирало и со висока стапка на смртност на малите животни.

Ребека Алдворт од Humane Society International изјави дека ова е „момент за солзи“ и голема победа на жителите кои сакаат Канада да биде похумана држава.

„Китовите и делфините не припаѓаат во аквариуми, а страдањето на овие социјални и интелигентни животни во заробеништво повеќе нема да се толерира“, изјави таа.

Установите што најмногу ќе ја почувствуваат новата забрана се аквариумот во Ванкувер и водниот парк Marineland. Наводно, во водниот парк во заробеништво се чуваат 55 белуга китови, 5 делфини и 1 орка кит.

kanada-go-zabrani-zarobenishtvoto-na-kitovi-i-delfini-i-nivnoto-koristenje-za-zabava-04.JPG

Аквариумот, пак, уште минатата година сподели дека повеќе нема да ги користи животните за забава.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Над 20 години ја држела како робинка за да ѝ го чисти домот: Детали за случајот што го згрози светот Повеќе од 25 години, жена од Англија која требало да се грижи за девојка со проб...
„Јас сум експерт за интимни односи и сум спиела со повеќе од 400 клиенти - Како изгледа мојата работ... „Мојот прв клиент беше неверојатна личност која цел живот се чувствувала многу с...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Викторија Бекам ја „соголи“ душата во документарец: „Ме мереа колку сум ослабела по раѓањето на Брук... „Не ми се допаѓаше тоа што го гледам во огледало. Дали сум дебела? Не сум доволн...
На 19 години зборува над 5 јазици, ќе го изгуби престолот ако добие брат: Која е Леонор, идната крал... Постарата ќерка на кралот Фелипе и кралицата Летиција од Шпанија веќе активно се...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...

Најчитани неделава