Луксембург стана првата држава со бесплатен јавен превоз - го посакуваме ова во брзо време и кај нас

Од март годинава, Луксембург стана првата држава во светот со бесплатен јавен превоз.

luksemburg-stana-prvata-drzhava-so-besplaten-javen-prevoz-potrebno-li-e-ova-i-kaj-nas-01.JPG

Билетите за трамваи, возови и автобуси се бесплатни, а исклучок се само возовите од прва класа, со кои едно возење ќе чини 3 евра.

Планот првично беше објавен уште во 2018-та, а лани летото се планираше да се реализира. Сепак, одлуката беше одложена, па бесплатното возење започна годинава.

Кога ќе се земе предвид загадувањето на воздухот, ова е навистина добра одлука. Многу држави размислуваат да го направат ова и на многу места, слично како кај нас, превозот е бесплатен за студенти, постари лица или малолетници.

Сепак, Луксембург е првата држава што го направи превозот бесплатен за сите.

luksemburg-stana-prvata-drzhava-so-besplaten-javen-prevoz-potrebno-li-e-ova-i-kaj-nas-02.JPG

„Опсегот, точноста и квалитетот на услугите се клучни за да се мотивираат луѓето да ги променат своите навики и од приватни автомобили да се префрлат на јавен превоз“, изјави министерот за транспорт Франсоа Бауш.

Идејата зад оваа одлука е да се намали сообраќајот во државата. Иако Луксембург е една од најмалите држави во Европа, има навистина сериозен проблем со сообраќајот. Во 2016-та се покажало дека во државата имало 622 автомобили на 1.000 жители, а автомобилите биле главно превозно средство.

luksemburg-stana-prvata-drzhava-so-besplaten-javen-prevoz-potrebno-li-e-ova-i-kaj-nas-03.JPG

Годинава, пак, возачите во Луксембург во просек минувале по 33 часа „заглавени“ во сообраќаен метеж.

Дел од трошоците за јавниот превоз ќе бидат покриени со данокот што го плаќаат жителите, па се верува дека ова ќе биде дополнителна мотивација да се намали употребата на приватни возила.

luksemburg-stana-prvata-drzhava-so-besplaten-javen-prevoz-potrebno-li-e-ova-i-kaj-nas-04.JPG

Сепак, изгледа дека не сите се задоволни од оваа одлука.

Некои жители сметаат дека ќе се намали квалитетот на услугата, а и не веруваат дека ова ќе ги мотивира луѓето да го користат јавниот превоз почесто.

Што мислите - може ли во брзо време да очекуваме нешто вакво кај нас?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
Меланија Трамп ги засени сите на раскошната вечера со кралот и кралицата во Белата куќа – ја спореду... На раскошната вечра во Белата куќа каде почесни гости беа кралот Чарлс и кралица...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
На 2 години беше оставен да умре, денес го викаат „малиот Пикасо“ - Се сеќавате ли на момчето спасен... „Кога го видовме, мирисаше на смрт. Бев сигурна дека ќе ми почине во раце. Но, с...
Страв од сериски убиец во Мексико – Убиени се 3 жени на слична возраст, ги нашле полусоблечени, токм... Во туристичкиот град Пуерто Ваљарта, во период од само 11 дена биле пронајдени т...
Меланија Трамп „мрзне“ во балетанки, Кејт Мидлтон во чизми – двете дами сами на дружба: „Посреќна е ... „Меланија изгледа многу посреќно тука, треба да си остане кај нив“ – пишуваат во...

Најчитани неделава