„Сите мислат дека сме сестри“ – Ќе погодите ли која е 40-годишната мајка, а која ќерката?


„Сите мислат дека сме сестри“ – Ќе погодите ли која е 40-годишната мајка, а која ќерката?

Соња е 40-годишна жена од Ирска која постојано ја прашуваат дали е сестра на нејзината ќерка Рене – вие би погодиле ли која е која?

site-mislat-deka-sme-sestri-kje-pogodite-li-koja-e-40-godishnata-majka-a-koja-kjerkata-01.jpg

Едната русокоса, другата црнокоса, двете изгледаат привлечно и атрактивно, со шармантна насмевка – но која е мајка, а која ќерка?

Русокосата Соња е мајка на 21-годишната Рене, а открива дека луѓето често мислат дека се сестри, бидејќи не само што личат така, туку и се однесуваат така, со голема блискост.

site-mislat-deka-sme-sestri-kje-pogodite-li-koja-e-40-godishnata-majka-a-koja-kjerkata-002.jpg

„Смешна им е реакцијата на луѓето кога ќе им кажеме дека сме мајка и ќерка.“ – открива Соња, која младоликоста ја поврзува со позитивното размислување, како и со тоа што работи со млади жени, па тоа ѝ помага да се одржува.

40-годишната мајка оди во теретана трипати неделно, секојдневно практикува јога и медитација за да остане фокусирана и приземна, а за лицето се грижи со квалитетни производи и редовно оди на третмани.

„Сепак, верувам дека младата и добра кожа е од добриот животен стил – балансирана исхрана и пиење многу вода. Како се облекувате е исто така многу важно. Рене секогаш ми помага и ми дава искрено мислење за моите парчиња облека. Плус, имам добри гени од мајка ми.“ – додава таа.

site-mislat-deka-sme-sestri-kje-pogodite-li-koja-e-40-godishnata-majka-a-koja-kjerkata-03.jpg

Рене пак, работи како шминкерка и ја шминкала нејзината мајка за свадбата, која се случила минатата година, а обожава што Соња е млада и сака да се дружи со неа.

site-mislat-deka-sme-sestri-kje-pogodite-li-koja-e-40-godishnata-majka-a-koja-kjerkata-02.jpg

Сепак, што се однесува до излегувањето навечер, Соња тоа ѝ го препушта на нејзината ќерка, бидејќи таа сака да си легнува рано, а оваа фаза ја поминала во 20-ите години.

site-mislat-deka-sme-sestri-kje-pogodite-li-koja-e-40-godishnata-majka-a-koja-kjerkata-04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Масажа на стапала во јавен превоз, влечки за тоалет: 15 работи кои се можни само во Азија Во земјите на Азија владее целосно поразлична и необична атмосфера во секојдневи...
14 работи кои ќе беа дел од вашиот живот ако бевте родени во Северна Кореја Ќе си купевте апликација за телефон буквално од продавница, ќе изберевте од пост...
10 работи на кои не можам да се навикнам и по 5 години живот во САД Кажување на непријатни приказни пред луѓето што не се доволно блиски и мотото „ш...

Најчитани неделава