„Светот го водат болни луѓе“ - И принцот Хари „наседна“ на лажниот повик од руските измамници

Принцот Хари беше измамен и на телефонски разговор со личности за кои мислел дека се Грета Тунберг и татко ѝ, го споделил неговото мислење за Мегзит, Трамп, климатските промени...

svetot-go-vodat-bolni-luugje-i-princot-hari-nasedna-na-lazhniot-povik-od-ruskite-izmamnici-01.JPG

Според снимките од телефонскиот разговор, мажот чиј глас очигледно е на Хари, изјавува дека се чувствувал целосно одделен од кралското семејство и решил да се оддалечи од кралскиот живот за да го заштити неговиот син.

Русите кои го направиле повикот се претставиле како Грета Тунберг и нејзиниот татко, а меѓу другото, Хари прозборел и за принцот Ендру.

svetot-go-vodat-bolni-luugje-i-princot-hari-nasedna-na-lazhniot-povik-od-ruskite-izmamnici-02.JPG

Според изворите, Хари им кажал дека бракот со принц или принцеза не е како што се претставува во јавноста и дека воениот рок што го служел го направил многу „понормална“ личност.

Принцот изјавил и дека Доналд Трамп има „крв на своите раце“ за неговиот став кон климатските промени, а го опишал британскиот политички систем како „скршен“.

Се верува дека Хари наседнал на измамата на Нова година и на 22-ри јануари, додека престојуваше во Канада.

svetot-go-vodat-bolni-luugje-i-princot-hari-nasedna-na-lazhniot-povik-od-ruskite-izmamnici-03.JPG

Според изворите, во разговорот Хари кажал дека тој и Меган многу повеќе уживале во нормалниот живот, дека светот го водат „многу болни луѓе“ и инсистирал дека принцот Ендру е целосно оддалечен од него и Меган.

Во врска со критиките за честите приватни авионски летови, Хари изјавил дека тој и Меган воопшто не патуваат толку често со авион колку што мисли јавноста.

Русите кои стојат зад измамата, Владимир Кузнецов и Алексеј Стољаров, веќе имаат измамено луѓе како Елтон Џон, турскиот претседател Ердоган, но и поранешниот премиер Зоран Заев.

svetot-go-vodat-bolni-luugje-i-princot-hari-nasedna-na-lazhniot-povik-od-ruskite-izmamnici-07.JPG

„Можам да ве осигурам, бракот со принц или принцеза не е како што изгледа. Има многу слоеви и многу делови од сложувалката.

Понекогаш правилната одлука не е најлесната, но тоа беше вистинската одлука за нашето семејство. Мислам дека има многу луѓе ширум светот што ќе нè разберат и почитуваат што го ставаме семејството на прво место“, изјавил Хари за Мегзит.

svetot-go-vodat-bolni-luugje-i-princot-hari-nasedna-na-lazhniot-povik-od-ruskite-izmamnici-04.JPG

„За жал, светот го водат многу болни луѓе, па луѓето како тебе и помладата генерација се оние кои ќе ја направат разликата. Луѓето треба да се разбудат и единствениот начин да ги разбудите луѓето од она што е свесна криза, е да правите екстремни нешта. Она што треба да го направиш се навистина големи промени што всушност ќе ги шокираат луѓето“, вели принцот за климатските промени.

Бидејќи Хари сметал дека зборува со Грета и нејзиниот татко, ѝ дал и поддршка:

„Светот е проблематично место и може да биде лесно да се откажеш, но мислам дека она што го правите вие е апсолутно значајно.“

svetot-go-vodat-bolni-luugje-i-princot-hari-nasedna-na-lazhniot-povik-od-ruskite-izmamnici-05.JPG

Во еден од разговорите, Хари ѝ рекол на лажната Грета дека треба да продолжи со нејзината борба:

„Колку повеќе луѓе велат 'не' за нешто, толку повеќе треба да се трудиме да се случи тоа, бидејќи ако Доналд Трамп може да стане претседател на САД, тогаш сè е можно, зарем не?“

Притоа ја советувал дека не треба да одбие ако добие покана да се сретне со Трамп:

„Трамп ќе сака да се сретне со тебе за да изгледа подобро, но нема да може да дискутира со тебе за климатските промени бидејќи ќе го надмудриш.“

svetot-go-vodat-bolni-luugje-i-princot-hari-nasedna-na-lazhniot-povik-od-ruskite-izmamnici-06.JPG

Видеото во продолжение содржи дел од телефонските разговори:

https://www.youtube.com/watch?v=Lxmrx-5YSGI&feature=emb_title

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
Хари и Меган зад кралските завеси – таа храбро објави невидени кадри од свадбата, страсни бакнежи и ... За 8-та годишнина, Меган и Хари не се кријат, напротив, таа храбро објави невиде...

Најчитани неделава