Македонец кој живее во Данска: „Не си играјте играчки, во Данска од 35 бројот на заболени лица скокна на 600!“

Во текот на вчерашниот ден, многумина решија да ги игнорираат препораките за избегнување јавни собири, но сепак изгледа до вечерта повеќето ја сфатиле сериозноста и голем дел од улиците и локалите во Скопје беа прилично испразнети.

makedonec-koj-zivee-vo-danska-ne-si-igrajte-igracki-vo-danska-od-35-brojot-na-zaboleni-lica-skokna-na-600-01.jpg

За сите оние коишто не ги почитуваат препораките на Министерството за здравство и сметаат дека попаметно е да го поминат времето на кафе некаде надвор отколку дома, добро би било да го прочитате статусот објавен на Фејсбук на Марјан Николовски, Македонец којшто во моментов живее во Данска:

Драги пријатели во Македонија! Значи не си играјте играчки од типот на: “како не, дома ќе седам; глупости нема корона кај нас; или млад сум, ништо не ми е..”

Така беше во Копенхаген само пред три дена. Секој се однесува како му одговара. Почна точно пред една недела со пациент нула, во викендот се качи на 35 заразени а денес е веќе над 600. Од синоќа Данска е во shut down! Од денес има нов закон дека полиција има право да интервенира на приватен простор, на домашни забави или собири ако има над 100 луѓе, цел јавен сектор е на две недели принуден одмор освен критичен персонал, сите приватни фирми ако можат да работат од дома! Принудни одмори! Барови, кина, и слично се затвора од овој викенд.. Се е во стоп, за да се спречи.

Од овие слики што гледам од Скопје, дремете по кафичи ко ништо да не е, со децата во гужви по паркови, играчници и чуда..

Веќе Европа е епицентарот и од денес сите што имаат симптоми на настинка овде се смеаат за можна корона и не се тестираат него да седат дома. Само тие што имаат поголеми симптоми, проблеми со дишење и слично да се јават на телефон на лекар да бараат помош..

Не си играјте играчки..преку ноќ се шири ко ништо друго. Ако Данска ко една од најбогатите земји во свет со најдобра социјала нема способност да ги згрижи болните, што ќе се случи во Македонија ако се рашири, не би сакал да помислам.. Посебни за постарите генерации и другите болни.. Едноставно сите на две недели во само изолација и работа од дома по можност! Не се бутајте во гужви во маркети, автобуси или ресторани без потреба! Со лесно и со памет!! ❤️?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вознемирувачки сцени: 12 фото-докази од Скопје и светот, во какво лудо време живееме Светот како пред очи да ни оди во неповрат, а ние навистина живееме во лудо врем...
Градска девојка пронајде среќа во животот на село - живее на фарма со сопругот, се породи со 9-тото ... Некогаш балерина и мисица, денес жена што меси леб, молзи крави и е посветена ма...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
Меланија му ставала креми со кавијар кога бил дете, има свое богатство од 150 милиони долари - Како ... Барон никогаш не носел тренерки, дури ни како дете, туку од мал сакал да се обле...
„Продадовме сè за да патуваме низ светот и се вративме дома за 6 месеци – реалноста е поразлична од ... „Седиме на убава плажа, но јас морам да се вклучам на состанок. Одиме на кафе во...

Најчитани неделава