Принцот Вилијам сака повторно да биде амбулантен пилот за да помогне против корона вирусот

До 2017, принцот беше пилот на воздушната амбуланта, а сега изјавил дека му недостасува тоа бидејќи сака да помогне во борбата против корона вирусот во земјата.

princot-vilijam-saka-povtorno-da-bide-ambulanten-pilot-za-da-pomogne-protiv-korona-virusot-01.jpg

37-годишниот Вилијам неодамна бил во посета на кол центарот на Националниот здравствен систем, а според изворите, наводно војводата сакал повторно да се врати на должност.

Принцот до 2017-та беше дел од воздушната итна помош, па веројатно годините поминати таму го предизвикале да посака повторно дa ѝ помогне на неговата земја со свој личен придонес.

„Тој знае дека цела земја прави по нешто за да помогне. Но малку е комплицирано да се врати, бидејќи ја напушти работата за да може да стане сениор кралски член. Таа улога за него е сега уште поважна кога принцот Чарлс е болeн, а Хари и Ендру се далеку од извршување на кралски должности и јавен живот. Но Вилијам е многу упорен да направи нешто за да помогне.“ – стои во изјавата за The Sun.

princot-vilijam-saka-povtorno-da-bide-ambulanten-pilot-za-da-pomogne-protiv-korona-virusot-02.jpg

Сепак, според последните известувања, принцот Чарлс наводно се излечил од корона вирусот и е подготвен да се врати на своите должности наскоро.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Сакај повторно“ - Дечко ѝ оставил потресно писмо на саканата откако се самоубил - со години му била... „Кога првпат го прочитав писмото, си помислив: ‘Што по ѓаволите е ова?’. На поче...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
Принцот Ендру е уапсен на неговиот 66-ти роденден поради случајот со Џефри Епстин - наводно издавал ... Денес (19.02) братот на кралот Чарлс беше уапсен поради сомнеж за злоупотреба на...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
Почина „заспаниот принц“ од Саудиска Арабија: Помина 20 години во кома, по сообраќајка По две децении во кома, 36-годишниот Ал-Валид од Саудиска Арабија, попознат како...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...

Најчитани неделава