Канје Вест се кандидира за претседател на САД, Илон Маск го поддржа – дали Ким ќе стане прва дама?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Канје Вест се кандидира за претседател на САД, Илон Маск го поддржа – дали Ким ќе стане прва дама?

Ако мислевте дека 2020-та не може да стане почудна, напротив – Канје Вест ќе се кандидира за претседател на САД, а Ким можеби ќе ја наследи Меланија.

kanje-vest-se-kandidira-za-pretsedatel-na-sad-ilon-mask-go-poddrzha-dali-kim-kje-bide-prva-dama-01.jpg

Веднаш по 4-ти јули, Денот на независноста на САД, Канје Вест објави твит кој стекна голема популарност.

Тој напиша дека е време да се соедини визијата и да се изгради иднината на Америка и најави дека ќе се кандидира за претседател на овие избори. Илон Маск напиша дека ја има неговата поддршка, па можеби планираат некоја соработка.

Во неколку наврати низ годините, раперот има изразено поддршка кон Доналд Трамп, а има и дискутирано на оваа тема, велејќи дека има намера да се кандидира за претседател, но никогаш не бил толку сериозен.

kanje-vest-se-kandidira-za-pretsedatel-na-sad-ilon-mask-go-poddrzha-dali-kim-kje-bide-prva-dama-02.png

Уште не е познато дали официјално има поднесено документи за овогодишните избори, но официјалниот рок за пријавување независни кандидати уште не е истечен, па веројатно постојат шанси ова да е вистина.

Го замислувате ли Канје Вест како ја води најголемата светска сила, а Ким во улога на прва дама?

kanje-vest-se-kandidira-za-pretsedatel-na-sad-ilon-mask-go-poddrzha-dali-kim-kje-bide-prva-dama-03.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена си позира за селфи во метро како никој да не ја гледа (видео) Жена одржа лекција за самодоверба откако си направи фотосесија среде метро. Храб...
Како изгледа градот на Алјаска каде речиси сите живеат во една зграда? (фото) Во зградата се и полициската станица, маркетот, клиниката, црквата и училиштето,...
Како во кафез: Луѓе во Јужна Кореја живеат во соби од 4 m² (фото) Кириите за изнајмување на стан во Сеул се вртоглаво високи, па многу луѓе живеат...

Најчитани неделава