Брат херој! 6-годишното момче кое ја спаси сестричката од напад на куче доби поддршка од славните

Приказната за херојскиот потег на 6-годишното момче кое се испречи помеѓу куче и неговата сестричка за да ја спаси од напад, го освои светот, а суперхероите од филмовите го „примија“ во нивниот клуб малечкиот Бриџер.

brat-heroj-6-godishnoto-momche-koe-ja-spasi-sestrichkata-od-napad-na-kuche-dobi-poddrshka-od-slavnite-01.jpg

Малечкиот херој, кога видел дека кучето ѝ се приближува на сестричката, ја фатил за рака и ја тргнал настрана, по што завршил со неколку каснувања по лицето и главата.

Во разговор со неговата тетка по нападот на 9-ти јули, храбриот Бриџер дал емотивна изјава која топи срца: „Ако некој требаше да умре, мислев дека тоа требаше да бидам јас“.

По повредите, на момчето му биле потребни 90 конци на лицето и сега одмора со семејството дома, а раните полека му заздравуваат.

Иако Бриџер не може многу да мрда со устата и да се насмее, сепак неговата тетка вели дека бил многу радосен кога му ги прочитала позитивните коментари од луѓе од целиот свет, упатени кон неговата храброст.

Тој дури доби поддршка и од славни личности како Ен Хатавеј, Крис Еванс и Марк Руфало, кои со задоволство го „примија“ во клубот на суперхерои.

„Сестра ти е среќна што те има, ти си херој и ќе се погрижам да ти испратам оригинален штит од Капетан Америка“ – вели во видео порака Крис Еванс.

„Драг Бриџер, тукушто прочитав што се случило и сакав да ти го кажам ова... луѓето кои ја ставаат добросостојбата на другите луѓе пред себеси се најголемите херои кои ги познавам. Вистински те почитувам и се восхитувам на твојата храброст и твоето срце.

Вистинска храброст не значи доминирање над луѓето или тепање со луѓето или шетање наоколу како некој јак дечко. Вистинската храброст е да знаеш што е правилно да се направи и да го направиш и покрај тоа што можеби на крајот ти ќе бидеш повреден на некој начин.

Ти си повеќе маж од многу други кои сум ги видел. Со почит и восхит... Марк Руфало (Брус Банер, Хулк, Професорот)“ – гласи изјавата на Марк Руфало.

На пораките се приклучи и Ен Хатавеј:

„Јас не сум Авенџер, но знам да препознаам суперхерој кога ќе го видам. Се надевам дека јас ќе имам барем половина од твојата храброст во животот, Бриџер. Ти посакувам лесно закрепнување. Еј, Марк Руфало, ти треба ли соиграч во тимот?“

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Надал доби второ дете во тајност – синот доби име со емотивно значење за сопругата Откако се пензионира од професионалниот тенис, семејството на Надал се прошири –...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Мајка-херој од Англија загинала за да ја спаси 5-годишната ќерка – гранка од дрво паднала врз неа до... Мајка од Англија шетала во парк со својата ќерка, кога се откршила гранка од дрв...

Најчитани неделава