Зошто жени докторки почнаа да објавуваат фотки во бикини на Инстаграм?

На социјалните мрежи жени од целиот свет кои работат како медицински лица објавуваат необични фотки, една во униформа и една секси во бикини – која е приказната и силната порака зад ова?

zoshto-zheni-doktorki-pochnaa-da-objavuvaat-fotki-vo-bikini-01.jpg

Во едно истражување спроведено од тројца мажи, жените кои работат во медицината се соочија со критики за тоа какви фотки објавуваат на социјалните мрежи и дека не ги личи да стават разголени фотки, а тие возвратија со силен удар.

Имено, станува збор за студија во која се посрамотуваат жените кои работат како васкуларни хирурзи, а истата е објавена во списание за васкуларна хирургија и во неа се тврди дека објавувањето на бикини фотки или фотки во секси костими за Ноќта на вештерките е несоодветно за медицински лица.

Во истражувањето се проценува дека бикини на фотографиите е непрофесионална содржина, исто како и држење алкохол во рака и слични пози, а истото го имаат спроведено тројца мажи кои направиле лажни профили на социјалните мрежи за да можат да ги разгледаат фотографиите на жените од оваа бранша, што пак овие жени го осудуваат како сексистичко однесување.

zoshto-zheni-doktorki-pochnaa-da-objavuvaat-fotki-vo-bikini-02.jpg

Жените докторки од целиот свет возвратија со силен удар, велејќи дека тие немаат никакво право со лажни профили да ја нарушуваат нивната приватност, ниту пак е некаков критериум за нивната стручност тоа какви фотки објавуваат.

Всушност, некои од нив можат да се пофалат дека имаат спасено животи додека биле во бикини, други велат дека и на хирурзите им се дозволени бикини и фустани, а дека ништо од ова не може да го негира фактот дека тие се добри во нивната работа, па целото истражување го проценуваат како ужасно.

Најмногу внимание привлече д-р Кендис, која е стручна во итна медицина, а неколкупати токму во бикини има спасено животи на плажа и има помогнато во секакви ситуации, а нејзината фотографија со вознемирувачка содржина може да ја погледнете ТУКА

„Доктор Бикини ќе ви го спаси животот среде океан ако ве удри брод. Ќе ве извадам од океан, ќе ви ги преврзам раните, ќе ве стабилизирам со кислород, ќе ви ги средам скршениците, ќе ве носам со хеликоптер до болница, ќе ви направам снимања, ќе ве интубирам, ќе ве испратам во друга болница на лекување во друга земја... сето ова претпоставувате во моите бикини.

Женските доктори можат да носат што сакаат! Ние жените во медицината може да носиме бикини, фустан или медицинска униформа, а тоа не го менува фактот колку сме добри во медицинската нега што ќе ја пружиме. Може да носиме што сакаме и пак да ви го спасиме животот.

Студијата е напишана од тројца мажи кои направиле лажни профили на социјални мрежи за да ги шпионираат жените. Мојот татко кој беше кардиоваскуларен хирург не би го одобрил ова. Посебно затоа што уживаше во градинарство облечен во гаќи за капење.“

Со цел да се поддржат една со друга, на социјалните мрежи, медицинските лица објавуваат фотки од себе во бикини со моќни пораки, а повеќето прават споредби од тоа како изгледаат кога се во медицинска униформа и во костим за капење.

Дел од фотките кои може да се најдат под хаштагот #MedBikini, во знак на протест на жените од медицината:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
Хари и Меган зад кралските завеси – таа храбро објави невидени кадри од свадбата, страсни бакнежи и ... За 8-та годишнина, Меган и Хари не се кријат, напротив, таа храбро објави невиде...
Најстарата жена во светот има 116 години: Се родила кога владеел пра-прадедото на кралицата Елизабет... Со своите 116 години, Етел од Англија е најстарата жена во светот. Се родила пре...
Моќна лекција за жените од Мишел Обама: „Не мора да имате сè сега, животот е долг и има поглавја“ (в... „Невозможно е да имате сè сега, престанете со тоа. Што е тоа нетрпение и чувство...

Најчитани неделава