Фотографија од детенце како плаче на пат го растажи регионот - приказна која е секојдневие и кај нас

Социјалните мрежи во регионот ги потресе фотографија од мало русокосо детенце кое плаче на пат во БиХ.

fotografija-od-detence-kako-place-na-pat-go-rastazi-regionot-prikazna-koja-e-sekojdnevie-i-kaj-nas-01.jpg

Детенцето собирало капини покрај патот, кога група деца му ги украле капините кои ги собрал дента за да ги продава.

Човекот кој му помогнал напишал на својот Фејсбук профил:

„Продавач на капини на патот М18 во општина Кладањ. Плаче затоа што некои деца му ги украле капините и побегнале. Застанав и не е важно што направив, но навистина, проклети да се сите кои ја одземаат нечија љубов, пари, живот.

Таткото на детенцето е невработен, мајка му нон стоп по доктори, болна. Кое дно го стигнавме во општествово – децата да мораат да работат, да не бидат никако заштитени, и уште да им ја одземеме и малата заработка. 

Срам ми е навистина, но колку можам ќе му помогнам. Детенцето престана да плаче и има уште еден сад кој треба да го продаде“. – напишал Селмир.

Детенцето е од многу сиромашно семејство и со заработените пари си купувал опрема за на училиште.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Епстин ѝ го финансирал раскошниот живот: Како поранешната (и разгалена) снаа на кралицата Елизабета ... Иако должела повеќе од 2 милиони долари, поранешната сопруга на принцот Ендру жи...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
Ќерка на ирански тајкун троши повеќе од 500.000 евра месечно - Се фали на Инстаграм со „парите на та... „Добивам многу негативни реакции од луѓе кои ме задеваат дека трошам ‘пари од та...

Најчитани неделава