Драма на аеродром во Катар: „Најдовме бебе во канта, мора да ги прегледаме сите жени-патници“

Австралијанците се згрозени од инцидентот кој се случил на лет од Доха до Сиднеј – сите жени патници биле приморани да одат на медицински преглед да проверат која се породила неодамна, бидејќи било пронајдено оставено новороденче во тоалетот.

drama-na-aerodrom-vo-katar-najdovme-bebe-vo-kanta-mora-da-gi-pregledame-site-zheni-patnici-01.jpg

Вистинска драма се случувала на аеродромот во Доха на 2-ри октомври, а Австралија бара одговорност од Qatar Airways откако жените проговореле за непријатното искуство.

Сите возрасни жени кои биле на летот од Доха до Сиднеј преку Qatar Airways имале телесен, медицински преглед, на кој требало да се утврди дали некоја од нив има знаци на неодамнешно породување, бидејќи во тоалетот на аеродромот било пронајдено новороденче оставено во канта.

Од 13 Австралијанки одеднаш било побарано да ги дадат пасошите и да појдат со надлежните, а биле одведени во амбуланта каде им било кажано да се соблечат за да бидат прегледани, без никакво друго објаснување.

Според жените кои решиле да прозборат за инцидентот, откако уплашено прашувале што се случува, во амбулантата само им кажале: „Најдовме бебе во канта, мора да ве прегледаме сите“.

„Ми се тресеа нозете. Бев преплашена, тие сакаа да ме одведат некаде. Зошто едноставно не ни објаснија што се случува? Беше ужасно. Не можам да замислам како им беше пак на помладите девојки“ – сведочи за Guardian Ким Милс, жена во своите 60-ти години, на која заради возраста на крај не ѝ бил направен преглед.

Сите жени биле преплашени и знаеле дека не е во ред тоа што се случува, но немале друг избор. Откако се вратиле во Австралија, тие сфатиле дека мора да направат нешто, се организирале и го пријавиле случајот во федералната полиција.

Австралиската влада смета дека ова била ужасно вознемирувачка и навредлива постапка, а случајот ќе биде детално разгледан и ќе се одлучува за следните чекори.

Инаку, пронајденото бебе е згрижено од медицински и социјални работници.

M. M. | Црнобело/ фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Моќна лекција за жените од Мишел Обама: „Не мора да имате сè сега, животот е долг и има поглавја“ (в... „Невозможно е да имате сè сега, престанете со тоа. Што е тоа нетрпение и чувство...
Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Се онесвестуваат, плачат: Тајландската лотарија за служење војска стана вирална (видео) Во Тајланд секоја година се одржува лотарија за служење војска. Мажите на возрас...
Најстарата жена во светот има 116 години: Се родила кога владеел пра-прадедото на кралицата Елизабет... Со своите 116 години, Етел од Англија е најстарата жена во светот. Се родила пре...
Страв од сериски убиец во Мексико – Убиени се 3 жени на слична возраст, ги нашле полусоблечени, токм... Во туристичкиот град Пуерто Ваљарта, во период од само 11 дена биле пронајдени т...

Најчитани неделава