Баба по грешка поканила непознат маж на ручек – 5 години подоцна уште ги слават празниците заедно

Кога Ванда Денч по грешка испратила порака на друг број и го поканила Џамал Хинтон на вечера за Денот на благодарноста, веројатно ни таа ни тој не биле свесни за прекрасното пријателство што ќе се роди помеѓу нив.

baba-po-greshka-pokanila-nepoznat-chovek-na-ruchek-5-godini-podocna-ushte-gi-slavat-praznicite-zaedno1.jpg

Во 2016 година Ванда Денч од Америка се подготвувала за прославата на Денот на благодарноста. Мислејќи дека му пишува порака на нејзиниот внук, Ванда по грешка го поканила тогаш 17-годишниот Џамал Хинтон на вечера.

Џамал зачудено прашал кој е тоа, а Ванда му одговорила „Баба ти“. Момчето се изненадило и ја замолило да му прати слика бидејќи не му било јасно што се случува, а кога Ванда му испратила селфи сфатил дека станува збор за погрешен број.

Тогаш и Џамал ѝ пратил селфи за да ја убеди дека не му испратила порака на внукот, но на шега ја прашал дали поканата сепак важи. Ванда му одговорила:

„Секако дека важи. Бабите го прават тоа – ги хранат сите“.

Откако Џамал навистина отишол на вечера, приказната стана вирална. Уште подобро е што Ванда и Џамал до денес си ја почитуваат традицијата – секоја година на Денот на благодарноста тие имаат заедничка вечера, со семејството на Ванда и девојката на Џамал.

baba-po-greshka-pokanila-nepoznat-chovek-na-ruchek-5-godini-podocna-ushte-gi-slavat-praznicite-zaedno02.jpg

За жал, годинава, сопругот на Ванда почина од ковид-19, но Џамал се погрижил таа да не остане сама за еден од најголемите американски празници.

Бидејќи и во САД има забрана за собири поради пандемијата, Ванда и Џамал го прославиле празникот скромно, само во друштво на девојката на Џамал, како и ќерката и внукот на Ванда. На масата, пак, ставиле фотографија од починатиот сопруг на Ванда.

baba-po-greshka-pokanila-nepoznat-chovek-na-ruchek-5-godini-podocna-ushte-gi-slavat-praznicite-zaedno03.jpg

Ванда и Џамал велат дека веќе се чувствуваат како да се дел од исто семејство и секоја година едвај го чекаат празникот за да се видат.

На крај, Ванда споделила и фотографија на нејзиниот Twitter профил:

„Се надевам дека сите ќе најдат љубов и радост на овој празник. Оваа година Денот на благодарноста ќе ми биде и тажен, и радосен. Со мене нема да биде мојот сакан Лони, но ќе бидам со семејство што навистина го сакам“.

И Џамал го споделил убавиот момент на Twitter:

„Цели 5 години! Среќен празник на сите!“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...

Најчитани неделава