„Ниту едно парче да не заврши во отпад“ – Во H&M може да ја рециклирате старата облека и да ви направат нова

И брендот H&M е вклучен во борбата против климатските промени, па неодамна во една од нивните продавници во Шведска поставија машина за рециклирање облека што може да ја користи секој.

h-m-postavi-mashina-za-recikliranje-obleka-vo-prodavnica-vo-shvedska-01.jpg

Проблемот со загадувањето станува сè посериозен, па во последниве неколку години рециклирањето зема голем замав.

Кога станува збор за рециклирање, најчесто помислуваме на пластика и сличен отпад, но и отпадот со облека создава сериозни проблеми. Затоа, од голема важност е да ја рециклираме и неа.

За жал, рециклирањето на облеката може да биде покомплицирано и на многу места луѓето немаат ни каде да го направат тоа. Но, познатата продавница за облека H&M дошла до одлично решение.

h-m-postavi-mashina-za-recikliranje-obleka-vo-prodavnica-vo-shvedska-02.jpg

Во една од продавниците на H&M во Стокхолм, Шведска, поставиле машина за рециклирање облека.

Машината наречена Loop е сместена во самата продавница и е развиена од страна на институтот HKRITA од Хонгконг, во соработка со непрофитната организација на H&M.

„За да се справиме со климатските промени, мораме да ја промениме модата. Едно решение за ова е рециклирањето. Ако, на пример, рециклираме памучна маичка за да направиме нова, нема потреба да одгледуваме нов памук – можеме да го искористиме оној што веќе го има“, стои на веб-сајтот на продавницата.

h-m-postavi-mashina-za-recikliranje-obleka-vo-prodavnica-vo-shvedska-07.jpg

Машината ја рециклира облеката во осум чекори, а притоа не користи избелувачи, вода, боја или какви било други материи.

Најпрво, машината го дезинфицира парчето облека, а потоа го сече на многу мали парчиња.

Потоа од малите парчиња материјал се отстрануваат нечистотиите, па се прават нишки.

Машината спојува неколку нишки за да направи подебел и поцврст конец, од кој на крај се прави ново парче облека.

h-m-postavi-mashina-za-recikliranje-obleka-vo-prodavnica-vo-shvedska-04.jpg

Купувачите ќе можат да однесат блуза или што било направено од памук во продавницата и ќе треба да платат помеѓу 8 и 13 фунти за рециклирањето.

Засега машината може да направи памучен џемпер, шал или мало ќебе, а целиот процес трае околу пет часа.

h-m-postavi-mashina-za-recikliranje-obleka-vo-prodavnica-vo-shvedska-03.jpg

h-m-postavi-mashina-za-recikliranje-obleka-vo-prodavnica-vo-shvedska-05.jpg

Моментално Loop e единствената машина за рециклирање која се наоѓа во продавница, но од HKRITA се обидуваат да ја лиценцираат технологијата и да ја направат достапна за сите брендови.

„Ова е важно бидејќи за да направиме вистинска промена, сите брендови треба да имаат пристап до технологии како Loop“, пишува на сајтот на H&M.

h-m-postavi-mashina-za-recikliranje-obleka-vo-prodavnica-vo-shvedska-06.jpg

Синџирот продавници се залага за рециклирање облека уште од 2013-та и во некои држави им дозволува на потрошувачите да ја рециклираат облеката, без разлика од каде ја купиле. Машината за рециклирање, пак, е нивниот следен чекор.

„Лансирањето на Loop не е само ѕиркање во иднината на модата. Ова е потсетник дека секое парче облека треба да го третираме како ресурс. Ништо не е премногу искинато или износено за да биде рециклирано – и ниту едно парче облека не треба да заврши во отпад“, велат од брендот.

Во видеото можете да погледнете како изгледа и како функционира системот за рециклирање што го користи H&M:

https://www.youtube.com/watch?v=lxRDGSft2wI&feature=emb_title

Што мислите за оваа идеја? Дали и вие би ја рециклирале вашата облека доколку имате услови за тоа?

Спирова С. | Црнобело / Фото: H&M

Би можело да ве интересира:

„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
„Добивме дете со ин витро, но клиниката искористила туѓ ембрион – не знаеме каде е нашиот“ Кон крајот на минатата година, пар од Флорида добил ќерка зачната со ин витро. Н...
Има своја продавница за овошје и е татко на две деца – Херојот кој го ризикуваше својот живот за да ... Човекот кој го ризикуваше својот живот и директно го собори напаѓачот, е 43-годи...
Дечко ја запроси саканата во гардероба во ZARA и стана мета на шеги: „И прстенот ли го купи таму?“ (... „Од сите места на светот, ти си ја одбрал ZARA“, „И јас би плачела“ – ова се сам...
Емотивно видео: Бездомно куче „украде“ играчка од продавница, луѓе собраа пари за да му ја купат Во емотивно видео што се споделува вирално, се гледа бездомно куче кое зело игра...

Најчитани неделава