Зошто нема тоалет хартија, зошто Австралија гори - Google со моќно видео објави што се гуглаше најмногу во 2020-та

Како и секоја година, од Google ги споделија најпребаруваните теми на интернет преку нивниот пребарувач, а овојпат направија и моќно видео за тоа.

google-objavija-mokjno-video-zoshto-ne-mozham-da-spijam-zoshto-avstrlija-gori-shto-guglavme-vo-2020-ta01.jpg

„Во несигурните времиња, луѓето бараат разбирање и значење. Оваа година, зборот ’зошто‘ беше пребаруван повеќе од кога било“, напишале од Google под видеото.

Зошто има пожари во Австралија, зошто луѓето протестираат, зошто не можам да спијам, зошто се чувствувам уморно... пребарувањата покажуваат колку очајна била годинава за скоро сите луѓе.

Но, вториот дел од видеото се фокусира на добрите нешта и дава надеж. „Зошто е важна емпатијата“ и „зошто луѓето сонуваат“ се само некои од пребарувањата што покажуваат дека можеби, оваа година и не беше така лоша.

Google сподели и листа, на која ги наведува најпребаруваните термини од разни области

Најпребарувани термини:

  • Корона вирус
  • Резултати од избори
  • Коби Брајант
  • Zoom
  • IPL

Најпребарувани вести:

  • Корона вирус
  • Резултати од избори
  • Иран
  • Бејрут
  • Хантавирус

Најпребарувани актери/актерки:

  • Том Хенкс
  • Хоакин Феникс
  • Рики Џерваис
  • Амита Бачан
  • Џејда Пинкет Смит

Целата листа на најпребарувани термини на Google можете да ја погледнете ТУКА.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
Шатори, конзерви, па и човечки измет од несовесни планинари: Највисокиот камп на Монт Еверест претво... „Она што треба да биде едно од најубавите места на планетата стана едно од најгр...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Страшен пожар во бар во ски центар во Швајцарија со најмалку 40 загинати и повеќе од 100 повредени -... Страшна несреќа ја погоди Швајцарија на 1-ви јануари 2026 година. Околу 40 луѓе ...

Најчитани неделава