„Арчи ќе стане брат“ - Принцот Хари и Меган Маркл очекуваат второ дете

Неколку месеци откако Меган се исповеда дека доживеала спонтан абортус во јули 2020-та, доаѓаат среќни вести од парот – таа е повторно бремена и очекуваат второ дете.

archi-kje-stane-bratche-princot-hari-i-megan-markl-ochekuvaat-vtoro-dete-01.jpg

Принцот Хари и Меган Маркл уживаат во семејниот живот во Калифорнија, одвоени од кралското семејство, откако се повлекоа од кралските должности. 

Тие се фокусираа на хуманитарни цели и на тоа да поминуваат повеќе време со нивниот син Арчи, кој сега ќе стане поголемо братче. 

archi-kje-stane-bratche-princot-hari-i-megan-markl-ochekuvaat-vtoro-dete-02.jpgбожиќна честитка од декември 2020-та

На Денот на вљубените, ПР-от на Меган и Хари потврди дека парот очекува второ дете, а објавена беше и романтична фотка на која Маркл си го држи трудничкото стомаче, направена од нивниот пријател и фотограф, Мисан Хариман.

Во соопштението за светските медиуми стои:

„Можеме да потврдиме дека Арчи ќе биде голем брат. Војводата и војвотката од Сасекс се пресреќни што го очекуваат нивното второ дете.“

archi-kje-stane-bratche-princot-hari-i-megan-markl-ochekuvaat-vtoro-dete-01.jpg

Инаку, пред крајот на 2020-та, Меган Маркл имаше емотивна исповед и откри дека во јули 2020-та доживеала спонтан абортус.

Прочитајте повеќе: Меган Маркл доживеала спонтан абортус: „Знаев дека додека го држев моето првородено дете, го губев второто“

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Љубовта на норвешкиот фудбалер Халанд - на девојката фудбалерка ѝ купи чанта од 380.000 евра, растел... Тие се моќно модно дуо, а нивната љубовна приказна е уникатна – се познаваат од ...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
Меланија му ставала креми со кавијар кога бил дете, има свое богатство од 150 милиони долари - Како ... Барон никогаш не носел тренерки, дури ни како дете, туку од мал сакал да се обле...
Градска девојка пронајде среќа во животот на село - живее на фарма со сопругот, се породи со 9-тото ... Некогаш балерина и мисица, денес жена што меси леб, молзи крави и е посветена ма...
Хари и Меган зад кралските завеси – таа храбро објави невидени кадри од свадбата, страсни бакнежи и ... За 8-та годишнина, Меган и Хари не се кријат, напротив, таа храбро објави невиде...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...

Најчитани неделава