Илон Маск сподели ретка семејна фотографија со синот, од местото каде што планира да прави град

Илон Маск и пејачката Грајмс, заедно со нивното 10-месечно синче, ги поминуваат деновите во Тексас, каде што милијардерот се подготвува да започне со амбициозен проект, а деновиве ги изненади фановите со ретка семејна фотка.

ilon-mask-spodeli-retka-semejna-fotografija-so-sinot-od-mestoto-kade-shto-planira-da-pravi-grad-01.jpg

На својот Твитер профил, 49-годишниот милијардер сподели фотка од него, Грајмс и нивното дете, со опис „Starbase, Тексас“.

Starbase е името на градот кој Илон планира да го прави. Пред да ја сподели фотографијата, милијардерот објави неколку твитови со кои кажува дека ќе го гради градот Starbase во Тексас, но не откри многу детали.

Неговиот град ќе биде сместен на местото познато како Boca Chica Village, каде што со SpaceX веќе развиваат и тестираат прототип за вселенското летало Starship. Токму овде е направена и семејната фотка што ја сподели.

Илон и неговата девојка Грајмс, чие вистинско име е Клер Бушер, одвреме-навреме споделуваат фотки и видеа од нивното дете, но речиси и да немаат објавено заедничка, семејна фотографија.

Грајмс и Илон официјално ја потврдија врската во 2018-та, кога се појавија на Мет галата како пар. Тие не се во брак, а синчето, на кое му дадоа навистина необично име - X Æ A-Xii - се роди во мај минатата година.

Илон има три бракa зад себе, со две жени, и е татко на уште шест деца од претходните врски.

ilon-mask-spodeli-retka-semejna-fotografija-so-sinot-od-mestoto-kade-shto-planira-da-pravi-grad02.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меланија му ставала креми со кавијар кога бил дете, има свое богатство од 150 милиони долари - Како ... Барон никогаш не носел тренерки, дури ни како дете, туку од мал сакал да се обле...
Градска девојка пронајде среќа во животот на село - живее на фарма со сопругот, се породи со 9-тото ... Некогаш балерина и мисица, денес жена што меси леб, молзи крави и е посветена ма...
Фудбалерот Нејмар чека петто дете со жената на својот живот - која ја изневери 92 пати и ѝ направи д... И додека таа на својот Инстаграм профил го покажува раскошниот животен стил и се...
11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
Оттуѓената трансродова ќерка на Илон Маск стана манекенка – го промени полот и се откажа од татко ѝ Родена е како машко дете, во 2020-та кажа дека е трансродова личност, го смени п...

Најчитани неделава