64-годишна баба опседната со фитнес изгледа подобро од ќерката: „Млади мажи ми праќаат голи фотки“

64-годишната Лесли од Австралија обожава да заведува со разголени фотки на Инстаграм, нејзината ќерка вели дека не ѝ се допаѓа тоа, а внуката открива дека баба ѝ добива повеќе внимание од мажи отколку таа на свои 19 години.

64-godishna-baba-opsednata-so-fitnes-izgleda-podobro-od-kjerkata-mladi-mazhi-mi-prakjaat-goli-fotki-01.jpg

Лесли Максвел од Мелбурн е жена која е опседната со фитнес и со своето тело кое ги засенува сите помлади генерации во нејзиното семејство и пошироко.

Таа почнала да вежба кога се разделила од поранешниот сопруг, пред 14 години, а сега е фитнес инфлуенсер со повеќе од 60.000 следбеници.

Лесли редовно објавува фотки од нејзиното тело кое изгледа одлично, но честопати знае да се пофали и со својата прекрасна внука Тиа, која има 19 години и исто како нејзината баба изгледа фит и секси.

Тиа открива дека нејзината баба добива многу внимание од мажи, бидејќи изгледа прекрасно за нејзината возраст, а вели дека е многу блиска со неа и воопшто не ја чувствува разликата од 45 години.

„Ми пишуваат момци, дури и оние младите од 18 години, што е навистина смешно. Понекогаш се прилично експлицитни па ми праќаат голи фотки. Сето тоа го прифаќам како комплимент, супер ми е што воопшто сум им интересна“ – вели Лесли.

Сепак, ќерката на Лесли, не е толку среќна за целата оваа ситуација како што е нејзината ќерка Тиа.

„Некогаш се случува да видам дека објавила нешто на Инстаграм и да ѝ се јавам да ѝ кажам мамо избриши го. Сепак тоа ми е мајка, не е дека се работи за ќерка која е тинејџерка. Не сакам да се промени, само малку да ја намали возбудата“ – изјавува ќерката на Лесли, Ванеса.

Сепак, Лесли и Тиа не се многу загрижени од коментарите на Ванеса и продолжуваат да бидат највпечатливо дуо во фитнес-сала и на Инстаграм.

Повеќе фотки од Лесли:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Мајка-херој од Англија загинала за да ја спаси 5-годишната ќерка – гранка од дрво паднала врз неа до... Мајка од Англија шетала во парк со својата ќерка, кога се откршила гранка од дрв...
„Ќе се венчам сама со себе по развод и неколку неуспешни врски – си купив и свршенички прстен“ „Кога им кажав на блиските, мислеа дека сум полудела, што беше очекувано. Но, шт...
Се онесвестуваат, плачат: Тајландската лотарија за служење војска стана вирална (видео) Во Тајланд секоја година се одржува лотарија за служење војска. Мажите на возрас...
Трогателна исповед на маж жртва на семејно насилство: „Не ми даваше да јадам, се закануваше дека ќе ... Маж од Англија го споделува своето потресно искуство со поранешната партнерка ко...
„Син ми е бодибилдер на 14 години и држи строга диета – ме критикуваат, но јас сум горда“ Мајка на 14-годишен бодибилдер се соочува со критики бидејќи го охрабрува син ѝ ...

Најчитани неделава