Херои на денот: Доктори од Русија продолжиле со операција на срце додека беснеел пожар во болницата (фото)

Лекари од рускиот град Благовешченск само што почнале со операција на еден пациент, кога во болницата избувнал пожар. Но, наместо да се евакуираат, храбрите лекари решиле да продолжат со операцијата и да го спасат нивниот пациент.

vistinski-heroi-lekari-od-rusija-prodolzhile-so-operacija-na-srce-dodeka-vo-bolnicata-imalo-pozhar-foto-01.jpg

Во болница изградена пред 114 години, која е лоцирана во рускиот град Благовешченск, неколку лекари само што почнале со операција на отворено срце.

Но набрзо потоа, во болницата избувнал пожар. Лекарите и медицинските сестри кои биле во операционата сала наместо да се евакуираат, одлучиле дека мораат да продолжат со операцијата.

vistinski-heroi-lekari-od-rusija-prodolzhile-so-operacija-na-srce-dodeka-vo-bolnicata-imalo-pozhar-foto-05.jpg

Храбрите лекари сметале дека нивната должност е да завршат со операцијата и да му го спасат животот на пациентот.

„Секако дека бевме исплашени. Луѓе сме. Но, не можевме да заминеме. Моравме да го спасиме пациентот. Останавме да продолжиме со операцијата. Зарем вие би направиле нешто друго?“, изјави главниот хирург – 29-годишниот Валентин Филатов.

vistinski-heroi-lekari-od-rusija-prodolzhile-so-operacija-na-srce-dodeka-vo-bolnicata-imalo-pozhar-foto-04.jpg

Според неговата изјава, тие правеле бајпас операција и не смееле да си дозволат да ја напуштат салата.

„Не требаше да одлучуваме. Операцијата мораше да продолжи и ја направивме до крај“, споделува доктор Валентин.

На фотографиите споделени од руските медиуми се гледаат пламените на покривот од болницата и пожарникарите кои се обидуваат да го изгаснат пожарот. Наводно, пожарникарите евакуирале 67 пациенти и околу десетина медицински лица од болницата додека траела операцијата на тимот на доктор Валентин.

vistinski-heroi-lekari-od-rusija-prodolzhile-so-operacija-na-srce-dodeka-vo-bolnicata-imalo-pozhar-foto-02.jpg

vistinski-heroi-lekari-od-rusija-prodolzhile-so-operacija-na-srce-dodeka-vo-bolnicata-imalo-pozhar-foto-03.jpg

Операцијата звршила успешно, а веднаш потоа пациентот бил пренесен во друга болница.

Подоцна, и градоначалникот на градот се огласил за настанот, восхитувајќи се на херојството на храбрите лекари, а наводно тие треба да добијат и награда за нивниот неверојатен подвиг.

Осумте медицински лица од Русија се доказ дека за лекарите нема ништо поважно од нивните пациенти, дури и ако тоа значи дека треба да го ризикуваат својот живот.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Со бившиот сопруг освоиме 2 милиони евра на лото – заглавивме во долгови, ги плаќавме 10 години“ Лара од Англија и поранешниот сопруг освоиле околу 2 милиони евра на лотарија. Н...
„Имав огромно чело, ме исмеваа на училиште и затоа си направив операција“ „Чувствувам дека конечно можам слободно да прошетам по улица, без да се плашам д...
Вирално видео: Луѓето во Кина ловат риба на поплавените улици, по тајфунот Рагаса Тајфунот Рагаса ги претвори улиците во јужниот дел на Кина во реки. Кога локалци...
Избегната голема трагедија во Германија - пожар во преполна дискотека, спасени сите 750 гости (фото+... Во неделата, околу 3 часот по полноќ, во дискотека во Германија избувнал пожар ш...
Потресни сведоштва од пожарот во дискотека во Швајцарија: „Гледав како горат луѓе, влегов внатре за ... „За неколку секунди, целиот таван беше во пламени. Се беше направено од дрво и п...
Девојка родена без голем мозок е медицинско чудо – прослави 20-ти роденден, лекарите ѝ предвидувале ... Алекс Симпсон од САД е родена со ретко нарушување поради кое нема голем мозок, т...

Најчитани неделава