Забава без маски на Скази во Тел Авив – Дали во Израел се враќа животот во нормала? (фото+видео)

Додека светот сè уште се бори со пандемијата, во Израел животот по сè изгледа полека се враќа во нормала откако го вакцинираа најголемиот дел од населението. На социјалните мрежи израелскиот диџеј Скази објави видео и фотографии од забава на плажа во Тел Авив.

Zurka-na-Skazi-vo-vo-Tel-Aviv-dali-zivotot-vo-Izrael-se-vrakja-vo-normala-01.jpg

Израел е една од земјите каде вакцинирањето од Ковид-19 се одвива масовно. Како што објавува IsraelNews, повикувајќи се на информации од тамошното Министерство за здравство веќе половина од населението ја примило втората доза од вакцината, а околу 51,7 отсто ќе ја добијат втората доза во наредниот период.

Пресметано е дека околу 5,7 милиони луѓе веќе ја примиле вакцината, а околу 4,8 милиони треба да ја примат втората доза.

За враќањето на животот во нормала во Израел пишува и угледниот NewYork Times, каде се напоменува дека „зелената карта“ што им се дава на вакцинираните, им дозволува да одат на концерти, спортски настани и во ресторани.

skazi-630.jpg

Како што пишува весникот, на вакцинираните им се дозволува да закажат одмори, да се движат слободно, но сепак се наведува дека сè уште ништо не е сигурно за да може да се каже дека животот таму ќе се врати целосно во нормала, иако фотографиите покажуваат така.

Дали животот во Израел ќе се врати во нормала целосно во скоро време? Времето ќе покаже...

skazi-2-630.jpg

skazi-3-630.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Градска девојка пронајде среќа во животот на село - живее на фарма со сопругот, се породи со 9-тото ... Некогаш балерина и мисица, денес жена што меси леб, молзи крави и е посветена ма...
Ќерка на ирански тајкун троши повеќе од 500.000 евра месечно - Се фали на Инстаграм со „парите на та... „Добивам многу негативни реакции од луѓе кои ме задеваат дека трошам ‘пари од та...
Трогателна исповед на маж жртва на семејно насилство: „Не ми даваше да јадам, се закануваше дека ќе ... Маж од Англија го споделува своето потресно искуство со поранешната партнерка ко...

Најчитани неделава